почетна | контакт
за нас | маркетинг
Банер на СОЛОПРОМ
Банер на АДИНГ
Внесете го
бараниот поим:


Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Уредување на детската соба



Детската соба освен што е место каде што децата играат, учат или спијат, претставува и место во кое, кога ќе станат свесни за себе, сакаат да ја изразат сопствената личност и интереси. Затоа детската соба треба да се организира на начин што ќе ги изразува нивните лични афинитети. Основни елементи во опремувањето на детската соба се креветот, плакарите, полиците и работната маса за учениците.

Добар кревет и квалитетен душек се подеднакво битни работи кои овозможуваат здраво и удобно спиење, без разлика на фактот дека децата немаат голема тежина, па не создаваат голем притисок на душекот.




Кој вид на кревет е соодветен за детската соба зависи од димензиите, како и од тоа дали детската соба е наменета за едно или за две деца. Изборот главно се сведува на: засебен кревет за едно лице, кревет на кат и кревет со фиока во која е сместен друг кревет.

Во сите опции добро е да се постави до креветот мала комода за да може детето да стави лампа, книга или напиток кој го конзумира ноќе.

Фотељата би требало да биде задолжителен елемент, особено во собите на помалите деца, за да родителот може да раговара со детето, непопречувајќи го додека лежи во креветот.

Особено важно е да се овозможи доволен простор на подот за непречена игра и активност. За да просторот максимално се ослободи, поставете доволно полици и плакари во кои ќе ги сместите облеката, книгите, школскиот прибор, играчките итн. Практично решение е и поставување на фиока под креветот која нема да завзема дополнителен простор.




Задолжителен елемент во собата на ученикот е работната маса. Најдобро е така да се смести за да се овозможи доаѓање на природна светлина од лева страна (со исклучок ако детето е левучар). Поставување на масата веднаш под прозорецот може да биде добро решение поради правецот на влезот на светлината, но треба да се внимава отворањето и затворањето на прозорецот да не биде попречено од некои предмети на масата.

Со позиционирањето на работната маса треба да овозможи поглед кон влезната врата во собата. Закачете и посебно пано на кое ќе ги закачувате дипломите, најуспешните цртежи, првите напишани букви и сл. На тој начин ќе ја потикнете неговата понатамошна работа. Тоа секако ќе влијае на детската психа и развивањето на креативноста.

Детската соба може да биде уредена во различни стилови и бои, но настојувајте секогаш да бидат ускладени со желбите на детето. Многу е важно тоа да се чувствува сигурно и опуштено во својата соба, па затоа вклучете го и детето во уредувањето на собата, доколку тоа го дозволува неговата возраст.




При опремувањето бидете креативни и при купување на мебелот, размислувајте дали ќе може да се прилагоди истиот на возраста на детето со тек на времето. Во изборот на бои бидете креативни и користете топли бои кои ја потикнуваат активноста на детето.

Секое дете има свои омилени бои, а вкусот често се разликува во зависност од полот на детето. Затоа забележете ја омилената боја на детето и применете ја при уредувањето. Вкусовите на детето со време ќе се менуваат, па затоа изберете мебел кој може да се комбинира со различни бои. Тоа поконкретно значи да се поиграте со боите на ѕидовите и деталите, бидејќи нив сигурно почесто ќе ги менувате за разлика од парчињата мебел. Со ваков избор, со минимални вложувања, ќе го измените изгледот на собата во склад со желбите на детето.



Материјалите за завршна обработка на мебелот, подот и ѕидовите треба да бидат лесни и едноставни за одржување, поради фактот дека овие површини се валкаат многу почесто од другите поради детската разиграност и невнимание. Правилниот избор на материјалите ќе ви го олесни одржувањето, а просторот ќе го направи долгорочно уреден.



Подот треба да биде топол – во предвид доаѓаат сите видови на дрвени подови и теписи (бидете внимателни со изборот во поглед на собирање на прашина). Керамички плочки не доаѓаат во предвид бидејќи се исклучително студени, а нема да помогне ниту покривање со тепих поради опасноста за пролизгување на тепихот. Избегнувајте примена на елементи со остри рабови. Благите и заоблени линии идеални се за детските соби.




Со правилниот распоред на елементите и со малку фантазија, следејќи ги потребите и желбите на детето, детската соба ќе ја направите пријатен амбиент во кое детето со задоволство ќе го минува времето.










© 2006-2014 sezadomot.com.mk