почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:


 
Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор



Совети за уредување на дневната соба


Денес дневните соби многу често имаат повеќе функции: одморање, активно дружење, обедување, спиење итн., па затоа просторот на дневната соба се расчленува на засебни целини (групи) - за одмор, работа, хоби, обедување итн., а просторот се дели со прегради или со елементи на мебел.

Положбата на дневната соба во домот треба да обезбеди:

• куса и прегледна врска со влезот во станот;

• врска со останатите простории;

• куса врска со кујната која може да биде остварена со помош на пулт, шанк или предпростор;

• комуникација со надворешните и отворените површини како што се лоѓијата, балконот, терасата или градината;

• добра заштита од студ, бучава, надворешни погледи.

Најдобра ориентација за дневната соба е јужна или југозападна ориентација, а и југоисточната може да се препорача. Распоредот и големината на прозорците зависи од организацијата на просторот, од ориентацијата, од околината итн. Во секој случај, површината на застаклениот дел не би требало да биде помала од 0,25% од подната површина на дневната соба.

Пред уредување на дневната соба, треба да се одлучиме кои функционални целини (групи) треба да бидат застапени, што зависи од навиките и од животните потреби на секој поединец во семејството.

Групата за активен одмор предвидена е за собирање на семејството и гостите, но и за одморање. Во овој дел задолжително се сместуваат гарнитурата за седење (двосед, тросед, фотељи, аголна гарнитура) и клуб маса. Дополнителните елементи можат да бидат комоди, витрини, масички, сталаци за цвеќе или украсни предмети.

Потребно е да се внимава овој простор да не биде преоптоварен со мебел, со што би се создала пренатрупаност и чувство на гушење. На пазарот може да се најдат различни димензии на секое поединечно парче мебел, па затоа изборот треба да се прилагоди на големината на просторот. Со правилен избор на мебел и малите простори можат визуелно да станат доволно пространи, а со тоа и престојот во нив да стане попријатен.

 

Правилната положба на групата за активен одмор ќе овозможи чувсто на интимност, отворен поглед кон надворешните површини, можност за проширување, добра комуникација со влезниот простор во домот, како и поврзаност со останатите групи.

На чувството на интимност во просторот позитивно делуваат и добро поставените расветни тела, поставување на камин како и добра поврзаност со надворешните површини, особено ако просторот е ориентиран кон дворот и градината.

Можноста за проширување на групата за активен одмор се постигнува со правилна положба на трпезаријата.

Положбата на ТВ приемникот треба да биде таква што ќе овозможи непречено гледање од сите делови на дневната соба, а особено од групата за активен одмор.

Оддалеченоста на ТВ приемникот до лицето кое го гледа треба да биде на растојание најмалку 3 пати поголема од дијагоналната должина на екранот.

Групата за обедување (трпезаријата) се состои од маса, одреден број на столици и пропратни елементи како што се комодите, витрините и сл. Масата и столиците можат да бидат сместени во ниша (при оваа опција треба да се внимава на димензиите на избраните елементи за да може непречено да се поминува и опслужува, а препорачлива ширина е 3,00 m) или самостојно во просторот. Доколку трпезаријата треба да има поголем број места, пожелно е да се смести во посебна просторија која со врата ќе биде поврзана со кујната и дневната соба.

Правилно поставување на групата за обедување треба да овозможува :

•  куса врска со кујната која може да биде директна или преку предпростор,

•  нејзина добра осветленост со природна и вештачко осветлување.

•  проширување на групата на надворешните површини (тераса, градина или лоѓија)

Групата за работни активности се поставува во зависност од потребите. Најчесто се сместува во ниша или во делови од просторот кои се доволно големи за да во нив се постави на пр. работна маса, компјутер и полици за книги. Најважни услови кои треба да бидат исполнети за оваа група се добра осветленост и можност за изолирање.

Поголема површина на дневната соба овозможува пофункционална и поатрактивна организација со вклучување на поголем број на функционални групи.

Подните облоги на дневната соба можат да бидат од различен материјал. Најпрепорачливи се дрвените подови кои можат да се комбинираат со украсни теписи или со други видови на прекривки.

Обработката на ѕидовите треба да биде едноставна за одржување. Сепак треба да се знае дека таа значително влијае на естетиката и начинот на доживување на просторот. а различни бои или материјали го прават просторот подинамичен.

Освен тоа, со правилна примена на боите просторот може оптички да го зголемиме, продолжиме или извишиме. Во овој поглед важи следното правило: бојата на површината со која сакаме да постигнеме визуелно зголемување на на просторот да биде посветла од останатите површини , бидејќи темните бои приближуваат, а светлите оддалечуваат.

Со користење на различни детали како што се завесите, слики, скулптури и други предмети, атмосферата во дневната соба ќе ја надополните и престојот во неа го направите уште попријатен за вас и за вашите гости.











© 2006-2014 sezadomot.com.mk