почетна | контакт
за нас | маркетинг
Банер на СОЛОПРОМ
Банер на АДИНГ
Внесете го
бараниот поим:


Уредување на кујна:

Совети за уредување на кујна

Стандардни димензии на елементите во кујната

Осветлување на кујна

Максимално искористување на тесната кујна

Заштитете ја кујната

Голема кујничка

Минијатурни кујни

Рустикални кујни

Острово во кујната

Нивоа на осветлување во кујната

Рустични детали за топлина во кујната

Отворени полици во кујната

Стакло на ѕидот во кујната

Весела кујна
Совети за уредување на кујна



Кујната е простор кој ја наследува традицијата на огништето поврзано со собирање на членовите на семејството. Денес, тенденција е кујната првенствено да ја исполни функцијата на функционален и убав простор.


Поради незјината улога на поврзување на семејството, треба да биде прикладно сместена во станбениот простор. Распоредот во кујната зависи од големината и формата на просторијата. Понекогаш за да се добие добар и правилен распоред на елементите дури е потребно и да се пристапи кон менување на положбата на вратата и прозорецот во кујната.




При планирањето на новата кујна треба да се даде одговор на следните прашања :

• За кого е наменета?

• За колку лица е наменета?

• Кои ќе бидат нејзините основни елементи?

• Како се вклопуваат во целината?

• Колку вкупно чинат сите елементи?


Најпрво треба да дадете одговор на следното прашање: дали сакате да купите готова кујна или сакате изработка на кујна по нарачка?

Доколку се работи за стеснет простор, кој има неблагодарни димензии, или доколку сакате кујнскиот простор да ви биде исполнет совршено, тогаш решението најверојатно ќе биде кујна по нарачка.

Ако пак имате простор кој може послободно да се искористи, осмислете сопствена кујна комбинирајќи ги елементите на разни модели на готови кујни. Притоа имајте во предвид дека пазарот нуди неограничен избор на бои, материјали, окови, работни површини, полици кои можат да се сложат во вашата кујна.





Следат подетални прашања кои треба да се одговорат пред да се започне со планирање на кујната, а се во врска со навиките за готвење и обедување :

• Колку често готвите?

• Дали во кујната би требало само да се готви или би служела и за други активности?

• Колку ви е потребен простор за чување на намирниците, т.е. дали имате остава?

• Дали кујната ќе биде одвоена од трпезаријата?

• Каде би требало да се наоѓа кујната во однос на трпезаријата?

• Дали семејството има деца?

• Дали сите членови на семејството обедуваат заедно или одвоено?

• Дали често имате гости?


За почеток направете список на планираните елементии апарати за домаќинство кои во кујната. Мебелот за кујна секојдневно се менува, следејќи ја појавата на нови апарати и уреди во домаќинството. Пред да одлучите што ќе купите, проверете дали кујната е доволно пространа за да ги прифати сите планирани елементи и уреди, бидејќи во современите станбени простори кујните многу често имаат помали димензии.




При планирање на распоредот следете ги овие правила:

• Оставата за храна, вклучувајќи го и местото на кое домаќинката ќе ја спушти торбата од пазар, треба да се наоѓа близу вратата;

• Оставата за храна треба да биде што е можно поблизу до работната плоча;

•  Пламениците или електричните плочи за готвење мора да бидат близу мијалникот за да садовите за готвење полесно ги полниме со вода;

•  Машината за миење садови треба да биде сместена во ормар за садови или покрај него, а во близината треба да биде мијалникот, сливникот и корпата за отпадоци за да садовите се исчистат од остатоците од храна;

• Ако во кујната работат две лица, просторот за движење помеѓу покуќнината не би требало да биде потесен од 125 cm, а во помалите кујни не би требало да биде потесен од 76 cm. Вкупната оддалеченост помеѓу кујнските елементи и апарати не треба да биде поголема од 6 m. Кујната не би требало да биде просторија преку која се влегува во друг простор. Кога преку кујната се излегува во дворот или во градината, во неа лесно влегува студ и провев. Ова може да се избегне доколку излезот од кујната води во помала просторија (трем) со двојни врати.

Едноставните распореди најчесто се најефтини и најефективни. Ако обликот на просторијата дозволува, ставете високи кујнски ормари, вграден фрижидер, машина за миење садови и шпорет по должината на едниот ѕид, а останатиот простор нека остане недопрен.

Начелно постојат три вида распоред на покуќнината и опремата во кујнaта :

•  распоред во форма на буквата U

•  распоред во форма на буквта L

•  распоред во низа (паралелен распоред, бродска кујна).

Сепак понекогаш е тешко да се постигнат вакви форми, односно распоред на елементите во кујната, поради положбата на вратата, прозорецот или водоводните и други инсталации. Тоа е една од главните причини да не се придржувате слепо до теоријата и начелните правила. Важно е распоредот да е функционален и да ги исполнува вашите функционални и естетски барања.




Со одговорите на поставените прашања може да се дојде до заклучок која кујна е најдобра за едно семејство, особено во поглед на распоредот на елементите во кујната. Најважно е елементите и предметите да се на дофат на рака. Основно правило при организација на просторот во кујната, кое го опишува идеалниот распоред гласи : фрижидер – работна површина – мијалник – работна површина – плоча за готвење – работна површина. Оваа шема го следи редоследот на приготвување на јадењата, вклучувајќи го и миењето и обработката на намирниците, готвењето, како и сервирањето на храната. Независно од тоа дали елементите во кујната ќе бидат поставени во низа, во форма на буквата U или L , би било добро да се постигне идеален распоред или приближен на него.




Кујнски елементи во низа – оваа композиција е компактна, бидејќи елементите во кујната завземаат простор само на еден ѕид. Овој распоред најчесто се јавува кај помалите кујни.

Кујнски елементи во “L” форма – овој распоред е пригоден за поголеми простори, со што е одвоен работниот дел од делот за чување на намирниците. При поставување на кујнските елементи во облик на буквата “L” се создаваат агли кои можат практично да се искористат со елементи поставени во аголот, кои се нешто поскапи, но овозможуваат максимално искористување на простор.

Кујнски елементи во “U” форма - кујнските елементи распоредени се на три ѕида и овој начин на планирање на кујнскиот простор исклучиво е наменет за големи површини. Во вакви простори има големи можности за комбинирање на елементите во кујната, но треба да се држиме до основното правилото за оранизирање на просторот. Истотака треба да се обезбеди доволно растојание помеѓу елементите за непречено движење.










© 2006-2014 sezadomot.com.mk