Се претпоставува дека татковина на кукурекот е Шпанија, но може да се најде на територијата на цела Европа. Може да се најде како самоник на рабовите на шумите, но може да го посадиме и во градината и тоа под сенка, за секоја година да ни го најави доаѓањето на пролетта.
Ова трајно растение има цветови со пет латици кои може да бидат бели, жолти, зеленкасти или розови, а расте 25-50 cm во височина. Во зависност од вариететот цвета од јануари до април, а видот Helleborus niger, така наречен Црн кукурек понекогаш цвета и во декември, ѕиркајќи под снегот.
Сака хранливо и влажно, но добро дренирано тло. Младите растенија не би смееле да останат без влага, па внимавајте на нивното редовно полевање. Во текот на летото ставете малч (суви гранчиња и исечени дрвца) околу стеблото за да подобро да ја задржи влагата.
Се размножува со семе или поедноставно, со делење на коренот. Најдобро е да го делите во март кога се создаваат нови коренчиња, но секогаш користете ракавици бидејќи стеблото, листовите и коренот се отровни. Некогаш се одгледувал како лековито растение, но денес веќе не се користи во народната медицина бидејќи се открило дека содржи повеќе отровни од лековити состојки.