Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Најчести дефекти кај клима уредот


Клима уредот пушта вода во внатрешната единица
Причината може да биде зачепено или превиткано црево за одвод на кондензатот. Други причини за ова може да се бараат во лош пад на клима уредот, нема добар пад на цревото, надвор цревото е потопено во садот со вода, или пак недостасува фреон во клима уредот, што предизвикува заледување на внатрешната единица.

Клима уредот не вклучува воопшто
Прво се проверува доводот на струја, па потоа батериите на далечинскиот управувач. Проблем може да биде во приемникот на сигналот во електрониката или пак друг дефект на електрониката во внатрешната едниница.

Клима уредот дува топол воздух кога е вклучена на опцијата за ладење (не вклучува компресорот)

Овој проблем може да е присутен поради тоа што не се вклучува компресорот на клима уредот. Треба да се провери дали доаѓа струја до компресорот, дали е исправен стартниот кондензатор, или пак самиот компресор откажал.

Клима уредот не работи (компресорот работи)
Има голема веројатност дека нема фреон во системот. Прво треба ова да се провери ова со пронаоѓање на местото на течење на фреонот, визуелно или со ставање на системот под притисок. Местото на течење треба да се завари, инсталацијата да се извакумира и да се наполни системот со соодветна пропишана количина фреон.

Климата слабо лади
Проблемот може да лежи во нечистотијата на клима уредот (во внатрешната и надворешната единица), може да недостасува фреон во системот, или пак клима уредот да има премал капацитет за просторот кој треба да се разлади.

На климата почнуваат да трепкаат сијаличките и не може да се исклучи од далечинскиот управувач
Проблемот може да биде во електрониката или некоја сонда за температура, во вентилаторот на внатрешната единица или пак до самиот компресор.

Климата не почнува да грее (компресорот работи)
Веројатно недостасува фреон во системот или пак дефектот е во магнетниот вентил.

На опцијата греење клима уредот запира и се вклучува црвена светилка
Клима уредот на опцијата греење има во одреден временски период процес на одмрзнување (анг. defrost), при што се пали црвена сијаличка и има пауза на работата на внатрешната единица. Процесот на одмрзнување е нормален кај опцијата греење и не е дефект. Доколку е сè во ред, ќе почне повторно да дува топол воздух за 10-15 минути.

Внатрешната единица цвили или тропа кога работи
Проблемот може да биде во самиот мотор на вентилаторот, во чаурата на вентилаторот или пак да е оштетена турбината на вентилаторот, после што клима уредот почнува и да тресе.

Надворешната единица е многу бучна
Буката може да се појави и ако вентилаторот на надворешната единица закачува за нешто, или пак е во дефект моторот на вентилаторот. Буката може да е случај и кога цевките во климата закачуваат за нешто од куќиштето, а може и буката да доаѓа од самиот компресор.