Прв начин:
Саксиите со цвеќе кои треба да имаат отвори во долниот дел ставете ги во када во која има положено стар чаршав, кој ќе спречи гребење на кадата.
Во кадата треба да има неколку сантиметри вода, која ќе ја навлажува земјата преку отворите на саксијата.
Важен предуслов е во бањата да имате порозорец кој ќе овозможи најмалку 8 часа природно осветлување.
Втор начин:Неколку часа пред да заминете на одмор, цвеќето пообилно залејте го. Внимавајте дека растенијата бараат светлина, па затоа групирајте ги во една просторија која е осветлена со природна светлина.
Потоа саксиите наредете ги на трпезариската маса, а помеѓу нив ставите сад со вода. Во садот ставете јажиња од коноп или памучни ленти завиткани во спирала, чии краеви ќе бидат закопани во саксиите.
Трет начин: Во секоја саксија со растение ставете по едно пластично шише со вода со грлото надолу. Претходноно направете дупки на капачето со кое е затворено шишето.
Цвеќето претходно треба добро да биде залиено бидејќи во спротивно може водата брзо да се потроши.