Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот



Човечкото око има клетки кои се чувствителни на боите. Податоците за боите се пренесуваат во делот на мозокот кој има улога во креирањето на расположението. Ова треба да се има предвид во изборот на доминантните бои во спалната соба.

Сините, жолтите и зелените тонови се пријатели на добриот сон, па поради тоа се препорачува да бидат застапени во спалната соба.

Тие делуваат смирувачки, а од нив во оваа насока најмногу се истакнува сината боја.

Пожелни се и сребрените и портокаловите тонови.

Виолетовата боја, според истражување спроведено во Велика Британија, носи најмалку сон. Таа ја стимулира работата на мозокот и ја поттикнува креативноста, поради што потешко се паѓа во сон.

Доминантната црвената боја во спалната исто така е непријател на сонот - таа влијае на забрзување на работата на срцето и крвниот притисок, што претставува пречка при заспивањето.

Кафените, сивите, како и златните тонови, не се толку изразени непријатели на сонот како црвената и виолетовата, но не се најповолниот избор кога станува збор за нивното влијание врз желбата за сон.