Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Боја на годината за 2016



Изборот на боја на годината, според Институтот за бои Pantone, е во зависност од потребите на луѓето, нивното расположение и ставот кон работите, културата на живеење... Како Боја на годината за прв пат е избрана комбинација на две бои, кои според Pantone ќе ја одбележи 2016 година, Rose Quartz and Serenity (анг. спокојство) За потрошувачите кои бараат мир и благосостојба како противотров на секојдневниот стрес, добредојдени се бои кои психички го исполнуваат копнежот за сигурност и безбедност.

Rose Quartz е впечатлива, но нежна нијанса што пренесува сочувство и чувство на смиреност. Serenity е лесна нијанса, која асоцира на синото небо, внесувајќи чувство на одмор и релаксација, дури и во турбулентни времиња.

Соединети, Rose Quartz and Serenity демонстрираат рамнотежа помеѓу потоплата приемчива розова и постудената мирна сина, одразувајќи поврзаност и благосостојба, како и асоцијација на ред и мир.