Според фенг шуи, трпезаријата ја претставува комуникацијата на домашните и приходите на домашните. Идеална положба на трпезаријата е во центарот на домот, и тоа да биде поставена како продолжение на дневната соба.
Таа не треба да биде споена со кујната, но не и предалеку од неа бидејќи така се предизвикаат кавги во семејството. Во случај да е споена со кујната, треба да се одвои со параван или со хармоника врата.
Трпезаријата не треба да биде блиску до влезната врата бидејќи доведува до одлив на финансии, а и гостите со ваква поставеност на трпезаријата брзо обедуваат и си заминуваат.
Во трпезаријата може да има и повеќе парчиња мебел, но важно е да биде обезбеден непречен тек на чи енергијата. Дали постои пречка може да се провери со едноставно движење низ просторијата за да проверите дали има препрека.
Според фенг шуи, стаклена и мемерна површина на масата во трпезарија не се поволни за финансиите и работата. Најповолна е тркалезната маса бидејќи поттикнува комуникација на домашните, но ако тоа не е случај, треба да се постави овална чинија и да се наполни со бонбони или со овошје и житарки. Чинијата ја претставува рамнотежата меѓу Земјата и Небото, а тоа што е во неа го симболизира богатството.
На ѕидот во трпезаријата огледалото го удвојува призорот на масата и храната, што симболички го удвојува богатството на семејството.