Направи сам:

Направете сами новогодишни декорации

Трошниот мебел во тренд

Направи сам: фарба за табла на ѕид

Направи сам: плетена лежалка

Подлошки од камчиња

Велигденско јајце од коноп

Топка со снегулки

Столици од палети

Вратете го сјајот на комодата

Полици за пешкири

Вазна со канап

Ѕиден часовник од дрво

Постолје за цвеќе

Висечки полици

Kутија од магазини

Цветен лустер

Аголна масичка

Ѕиден часовник

Декорирање на саксии

Клупа

Масичка од трупец

Сопствен дизајн на ламба

Излог

Свеќници

Искористете ги старите лончињa

Eзерце во дворот

Полица со рамка

Собна фонтана

Цветна кулиса за тераса

Black&White преобразба

Абажур од коноп

Соба во соба

Аквариум

Сталажа за музички систем

Полица за компакт дискови



Трошниот мебел во тренд



Стариот мебел кој има гребаници, оштетени рабови, бледа боја, па и делумно излупена боја може да најде свое истакнато место во ентериерот, согласно со најновите трендови во уредувањето.




Производителите на мебел користат посебна техника за да парчето мебел кое што е излезено од производствениот погон изгледа како да е старо и изабено, со доза на патина. Со тоа се создава чувство на рустикалност, како да е користено со децении. Овој мебел носи асоцијации на селските куќи на Медитеранот, во Франција, Италија.

Техниката за добивање на ваков мебел е позната како distressed техника. Нејзината основа е во користењето на два различни тенки слоја на боја при фарбањето и делумно отстранување на истата за да под неа се види основниот материјал, како дрво, стакло, метал, камен...

Доколку сакате мебелот да добие старински призвук, оваа техника може и самите да ја примените. Така, доколку станува збор за маса, површината прво треба да се изшмиргла за да се добие рапава површина. Потоа се нанесува потемната нијанса во многу тенок слој, како прва боја. После 24 часа, се нанесува уште еден слој боја, поредок, помешан со вода. Додека уште бојата е влажна се брише со хартиени марамчиња за да се добие ефект дека е нерамномерно офарбано. Се остава да се суши уште еден ден. За крај, исшмирглајте ги рабовите и аглите на масата со фина шмиргла. Така ќе се појави темниот слој на првата боја, а масата ќе изгледа како изгребана.