Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Значење на боите во детските соби


Уште старите Египјани знаеле колку се важни боите за психолошката состојба на луѓето. Боите во голема мерка влијаат на нашите животи, а за тоа влијание најчесто не сме свесни. Нивното влијание е особено видливо за оние кои се најосетливи, а тоа се децата. На нив боите имаат двојно дејство, односно може да имаат релаксирачко и активирачко влијание.

Затоа е битно детските соби и воопшто просториите во кои престојуваме да бидат оази за одмор и опуштање.

Препорачливо е да се користат најмногу три различни бои, бидејќи поголем број би го нарушил складот, а собата може да изгледа хаотично и неуредно. Важно е при изборот на боите за детската соба да внимавате да ги усогласите и другите елементи. Ова се однесува на мебелот, завесите, тепихот, перничињата и расветните тела. Ако сево ова успеете да го усогласите, бидете сигурни дека на своите малечки ќе им создадете простор пријатен за престој, учење, опуштање и разонода.




Поделба на боите

Топли бои

Топлите бои имаат тенденција да пружат топлина и присност. Овие бои во нас создаваат чувство на блискост и удобност. Меѓутоа, интензивните топли бои, како што е црвената и портокаловата имаат стимулирачки ефект, бидејќи ја поттикнуваат енергијата кај децата. Како резултат на ова, може да се случи децата да бидат премногу немирни. Затоа, користете ги само во деталите при уредувањето на детската соба.


Студени бои

Повеќето луѓе ја избегнуваат употребата на студени бои во детските соби. Студените бои, како што се сината, зелената, светло сината, сино виолетовата, па дури и белата, имаат смирувачки ефект и го прават просторот визуелно поширок, елегантен и отворен.

Кај овие бои, во детските соби препорачливо е да се користат земјани нијанси, бидејќи се добар избор, особено за деца кои имаат проблем со концентрацијата и се хиперактивни. Земјани бои даваат чувство на топлина, опуштеност и удобност, а на тој начин делуваат смирувачки и позитивно на децата.


Неутрални бои




Беж бојата, бојата на каменот и крем се неутрални бои, како што е и црната, белата и сивата. Погодни се за повеќето простори, особено ако се комбинираат со силни нијанси на други бои. Неутралните бои даваат впечаток на празно сликарско платно на кое треба нешто да се наслика. За детската соба не се многу препорачливи бидејќи може да делуваат апатично, но може да се употребуваат во деталите.



Боите од светлосниот спектар и нивното психолошко значење за децата


Бела



Најмногу асоцира на мир, чистота, радост. Бидејќи рефлектира скоро 80% од светлината, белите детски соби изгледаат поголеми од просториите обоени во други бои. Доколку белата боја доминира, детската соба може да изгледа стерилно, но таа може многу добро да се комбинира со останатите интензивни бои, со што ќе се контролира нивната јачина.


Црвена



Доколку сакате да создадете чувство на мир, тоа нема да го добиете доколку има премногу површини со црвена боја во детската соба. Црвената внесува топлина, но и стимулира и дава енергија. Светлите нијанси на црвена ги поттикнуваат желбите и асоцираат на опасност, па така може да поттикнат тензија и лутина. Затоа, доколку ја употребувате, сторете го тоа во комбинација со неутрални бои со што ќе создадете контрабаланс, а ќе внесете живост и топлина во детската соба.


Портокалова



Таа има приближно ист ефект како црвената, но во помала мера бидејќи ја комбинира енергијата на црвената и на жолтата, која е боја на веселост и среќа. Потемните нијанси на портокаловата боја создаваат топол амбиент, додека посветлите нијанси му даваат на просторот веселост и се добар избор за детските соби.


Зелена



Ја јакне самодовербата и оптимизмот и дава смиреност. Таа исто така освежува, но треба да се внимава на нејзината јачина. Таа не треба да биде премногу темна. На пример, бојата на кивито е убав избор бидејќи се создава чувство на смиреност. Секогаш комбинирајте ја со топли бои, како што е црвената и портокаловата.


Сина



На просторот му дава мир, склад и длабочина. Доколку ја употребувате во детската соба, треба да се знае дека таа ја забавува работата на нервниот систем и создава смирувачки ефект, кој го подготвува телото за сон. Исто така, ја подобрува концентрацијата, односно способноста за помнење и учење. Таа може визуелно да ги омекне одредени делови на собата, давајќи му на просторот чувство на мир и спокој. Како и да е, доколку се решите да ја употребувате, совет е секогаш да е комбинација со други бои, за да собата делува смирувачки, топло и релаксирачки.


Виолетова



Често се смета за боја која не е добро да се употребува за спални или за детски соби бидејќи создава чувство на студенило. Темно виолетовата може да создаде чувство на тага и фрустрација, но сепак посветлата виолетова боја создава чувство на мир и романтика. Светло виолетовата е избор со кој нема да погрешите кога станува збор за детски соби за девојчиња.


Жолта



Бојата на среќата и надежта активира, дава топлина и веселост на сите простори. Таа исто така го стимулира помнењето. Сепак, не треба да се претерува со нејзината употреба бидејќи преголемо количество на жолта може да делува вознемирувачки. Таа го привлекува вниманието и ја стимулира мускулната активност.