Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Идеи за новогодишни декорации (втор дел)


Прикажаните декорации и совети нека ви послужат за инспирација, а вие слободно употребете ја креативноста и внесете дел од себе во вашите уникатните дела, пригодни за новогодишните празници.


• Направете мали пакетчиња од вашите колачиња. Неколку колачиња замотајте ги во целофан, додајте украсна лента, па вашите гости нека си изберат. Mоже и едно колаче да се завитка и до него да биде прицврстена тутурка со рецепт.








• Купете зелен или црвен филц и со него прекријте ги гарнитурите за седење и фотелјите. Заедно со пригодните прекривки за маса и свеќите ќе биде доволно за да на брз начин создадете новогодишен амбиент.








• Лампионите за елката, особено поголемите, може убаво да се изложат во стаклени садови.












• Употребете кармин и со него на прозорците и на огледалата нацртајте некој новогодишен симбол.

• Во бањата во овој период од годината, може да употребувате зелени и црвени пешкири, или да се поиграте со завесата на туш кадата и на неа да залепите некој пластичен украс или пригодни налепници. Набавете и сапуни во пригодни бои.








• Земете голема стаклена чинија која ќе ја ставите на средина на трпезата. На неа ставете што е можно поголем број мали садови, на пример мали вазни или држачи за свеќи. Секоја од нив наполнете ја со бонбони, чоколади , а поставете и цветови или свеќи.




• Цвеќето божиќна ѕвезда е прекрасен украс на просторијата. Направете прекрасна креација со тоа што ќе поставите повеќе саксии со различна големина, со тоа што поголемите саксии ќе ги поставите одзади. Со широка златна лента поврзете ги заедно и попрскајте ги растенијата со светликав златен спреј.




• Земете голема празна лименка и ставете во неа каменчиња за да биде стабилна. Завиткајте ја во украсна хартија, наполнете ја со вода и во неа ставете борови гранчиња и разни зимзелени гранчиња, по можност со бобинки. Може да додадете и висечки украс или да направите машна, која ќе ја ставите на жица и ќе ја поставите помеѓу растенијата.

• Околу кваките на вратите заврзете украсна лента.

• На ладилникот ставете пригодни магнети и детски цртежи.




• На компјутерот ставете пригодна слика на позадината.




• Доколку имате чизми кои не ги носите, употребете ги за оригинална декорација. Наполнете ги со кутии кои претходно сте ги завиткале во украсна хартија. Некаде покрај влезната врата поставете ги со уште неколку завиткани кутии со украсна хартија. Во чизмите може да ставете и по некое гранче од зимзелено дрво.

•Намотајте светилки околу оградата и гелендерот. Прицврстете ги на оградата со самолеплива лента.





• Земете жица и со клешти обликувајте ја во елка. Обвиткајте ја со светилки и поставете ја пред куќата во дворот или пред самиот влез.




• Изрежете од шпер-плоча пригодна форма (елка, снешко, Дедо Мраз ...). Направете краток носач така да силуетата биде оддалечена од подот околу 5-10 сантиметри. Поставете ја покрај ѕидот, а пред неа поставете мал рефлектор кој ќе го насочите кон силуетата за да на ѕидот се добие голем одраз – сенка.