Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Избор на сјајност на боја


Распонот на сјајност на боите е голем и се движи од најрапавите, па сè до исклучително сјајните. Изборот зависи од функцијата на просторијата, како и од состојбата на површината која сe боjaдисува.

Мат боја – може да делува малку рапаво, но е одличен избор за прикривање на несовршенствата на ѕидовите. Сепак, површините прекриени со ваков тип на боја, доколку се извалкаат се проблематични за чистење.

“Лушпа на јајце” (анг. eggshell) – има благ сјај, а површините со ваква боја лесно се чистат. Се употребува како внатрешна боја и има степен на сјајност кој се движи помеѓу мат и сјај.

Сатен – ваквата боја на ѕидовите им дава помалку свиленкаст изглед. Погодна е за фреквентни простории како што е дневна соба, детската соба, бањата или кујната. Ѕидовите со оваа боја лесно се чистат, но несовршеностите на нив тешко се дотеруваат бидејќи разликата на сјајноста на бојата се забележува.

Полусјајна боја – издржлива е и лесно се чисти, а погодна е и за дрвени површини како што се вратите, кои често се гребат и оштетуваат. Исто како и сатен бојата, грешките на површините тешко се прикриваат поради тоа што разликата во сјајноста лесно се забележува.

Високо сјајна боја – дава многу сјајна завршница и не се препорачува за боење на ѕидови бидејќи секоја неправилност на ѕидот се забележува. Погодна е за боење на дрвени површини, како што се елементите во кујната или во бањата. Исто така, лесно се чисти и прилично е издржлива.