Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите



Без разлика дали станува збор за ентериери или некој производ, бојата е причина за преку 50 проценти од нашата реакција за одреден предмет или простор. Важноста на боите честопати се занемарува, и покрај нивното суптилно, но значајно влијание. Еве неколку совети во врска со изборот на боја за ѕидовите.


Почнете со помалите простори




Доколку не сте сигурни каде да започнете со боја, експериментирајте во ходникот или во бањата. Доколку сами бојадисувате, одберете простор кој лесно се бојадисува, односно подоцна лесно може да го пребојадисате доколку не ви се допаѓа резултатот.


Размислете за своето расположение




Кога избирате боја, размислете за атмосферата во собата? Дали во спалната соба сакате да се чувствувате одморено и спокојно или драматично и интимно? Генерално меките, студените и неутралните бои создаваат помирна атмосфера, додека посилните бои се за подраматично опкружување.

Дали сакате трпезарија која ќе поттикнува на дружење или пак да делува формално и тивко? Потоплите, контрастни и посветли тонови создаваат друштвена атмосфера, додека длабоките сино-зелени и неутрални бои го прават амбиентот поформален.

Дали сакате детската соба да ја поттикнува детската активност и да дава енергија или пак, да делува смирувачки. Внимавајте да не предизвикате преголема стимулација со премногу светли бои кои можат да делуваат иритирачки.


Обрнете внимание на осветлувањето




Дневната светлина ја прикажува вистинската боја. Обичната сијалица ги засилува топлите тонови и жолтата, додека флуоресцентната светлина (од неонката или штедливата сијалица) даваат остар син тон на просторијата.

Затоа силната боја може да да биде пресветла и премоќна за ѕидовите кои се наоѓаат покрај големиот прозорец, но затоа може да биде ефектна на мал ѕид кој ќе се истакнува со индиректно осветлување.


Погледајте од друга соба




Oсознајте како делуваат ѕидовите еден на друг кога сте во соседната просторија и кога имате можност да видите дел од другата соба низ неа. При изборот на боите размислете како ќе изгледа нивниот визуелен тек од соба во соба, со цел да се создадете целосна слика.


Следете го тркалото на бои




Tркалото на боите е одличен алат за модифицирање и интензивирање на две или повеќе бои. На пример, црвената и зелената кои се комплементарни (спротивни) бои делуваат најинтензивно кога се употребуваат заедно. Може да се изненадите колку многу комбинации изгледаат прекрасно и привлечно.

Повлечете линија од жолто-зелената боја до точката на црвено-виолетовата: ќе видите дека сите бои на левата страна се топли, додека оние од десната се студени


Различни примени на боја




Една боја употребена на ѕидовите и на дрвенаријата создава сосема друг ефект доколку е применета на различен начин. На пример, бојата на ѕидовите и дрвенаријата може да биде иста, но доколку сјајноста на ѕидовите е “лушпа од јајце” (со помалку отсјај), а дрвенаријата е со сатенска или полусјајна завршница, боите ќе изгледаат поинаку.


Внесување на длабочина на ѕидовите




Доколку глатките ѕидовите обоени со една боја зафаќаат голема површина, може да се добие ефект на здодевност. За да станат поинтересни и попрефинети, може да употребите суптилни и по малку драматични техники на визуелни текстури и прекршувања на бојата. Може да употребите сјајни минерални/метални бои и глазури на боја кои создаваат длабочина. Како добри примери за ова може да ги наведеме боите на бакарот, бронзата, и секако старинската сребрена и златна.