Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветленост на просториите во домот


Осветлувањето во секој дел од домот треба да биде прилагодено на активностите кои се одвиваат во него. Затоа, во секоја просторија треба да има соодветна јачина на осветлување.

Осветленоста се изразува во луксови; лукс е единица за осветленост која ја изразува светлосната моќ на единица површина (1 лукс = 1 лумен / m2).




Дневна соба

Ова е најрепрезентативната просторија на домот. Во неа семејството и гостите се собираат, гледаат телевизија, слушаат музика, играат игри. Дневната соба се користи и за други намени, па затоа мора да биде задоволена разновидноста на визуелните потреби. Основното осветлување треба да изнесува од 100-200 лукса, а индивидуалните подрачја дополнително се осветлуваат со столни и подни ламби.


Трпезарија

Собата мора да биде светла, но без отсјај, со привлечна и пријатна атмосфера, со хармонична дистрибуција на светлост без претеран и заслепувачки контраст. Масата е централен елемент и треба да биде осветлена со 100-150 лукса. Лустерот во трпезаријата не треба да биде поставен на растојание од подот помало од 2,2 m.


Кујна

За да нормално се извршуваат активностите во кујната, за да се спречат незгодите и за да се олесни чистењето, осветлувањето на кујната мора да ги задоволи зададените услови:

- ниво на хоризонтално осветлувањето треба да изнесува 300 лукса со униформирана распределба, како и околу 300 лукса на работните површини;

- работните површини треба да имаат намален отсјај.


Спална соба

Во неа треба да има два типа осветлување: општо дифузно светло од најмногу 100 лукса, по можност индиректно поставено или пак затемнет лустер кој ќе создаде пријатна атмосфера. Лустерите со осветлување од 50-150 лукса се најсоодветни. Исто така, потребно е и соодветно осветлување на огледалата, плакарите, фиокарите и сл.

Плакарите најсоодветно се осветлуваат со силно точкесто осветлување од 400-500 лукса. Ако е таванот спуштен, рефлекторите може да се постават директно на таван.

За читање во кревет најсоодветни се ламби со вграден проектор, со кои можно е да се чита во без осветлување на целата соба, односно без вознемирување на партнерот.


Детска соба

Оваа сoба служи за разни детски активности - децата во неа спијат, играат, работат домашни задачи, престојуваат со своите пријатели. Затоа осветлувањето мора да биде флексибилно, за да се задоволат стандардите на различни визуелни функции. Притоа треба да се има предвид:

- на младите им е потребно повеќе светлина отколку на возрасните;
- сигурноста мора да биде примарен фактор;


Бања

Овој простор мора да биде соодветно осветлен, не само за да може добро да се видат објектите во бањата, туку за да корисникот може да ги задоволи своите хигиенски потреби.

Се препорачува флуоресцентно светло со температура на светлина од 4000-5000 келвини. Илуминацијата на огледалото е од посебна важност и треба да изнесува околу 2000 лумени, додека остатокот од просторијата треба да има осветлување околу 500 лумени по квадратен метар, односно 500 лукса.