Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Заштеда на електрична енергија кај шпоретот



Шпоретот е еден од најголемите потрошувачи во домот, а со примена на неколку совети може сметката за електрична енергија да биде намалена. Еве некои од нив:

  • Додека готвите, на садовите за готвење ставете поклопец бидејќи се заштедува електрична енергија и се намалува кондензацијата во кујната. Доколку готвите без поклопец се троши дури 30 % повеќе топлина.



  • Користете сад кој во целост ја прекрива ринглата. Доколку, на пример, тенџерето е со пречник само три сантиметри помал од ринглата, непотребно ќе се потроши околу 30 % повеќе електрична енергија.

  • Уште пред да биде целосно зготвено јадењето исклучете ја ринглата, бидејќи таа акумулира извесно количество на топлина која може да се искористи.

  • При варење на храна, на пример, обработка на зеленчук, не го преполнувајте садот со вода, бидејќи помало количество на вода побрзо ќе се загрее и зоврие.

  • Додека подготвувате јадење во рерната, не ја отворајте пречесто, бидејќи при секое отворање температурата се намалува за приближно 15 Целзиусови степени.

  • Рингла не мора да биде на максимум, бидејќи така троши најмногу енергија.

  • Доколку сакате побрзо да зоврие водата, ставете ја ринглата на појакo, но кога ќе почне да врие водата, намалете на јачина која ќе биде доволна за да продолжи вриењето.