Совети за избор на бела техника:

Машина за перење алишта

Машина за сушење алишта

Машина за миење садови

Микробранова печка

Правосмукалка

Плоча за готвење

Ладилник

Аспиратор

Блендер



Избор на блендер


Природните сокови, шејкови и фрапеа од овошје и зеленчук се одличен избор кога станува збор за здрава исхрана. Блендерот е апарат кој овозможува правење на напивки богати со витамини и хранливи состојки. За разлика од соковниците кои помагаат да се подготват сокови, блендерот помага да подготвената храна ги задржи влакната кои се еден од главните состојки на здравите намирници.

Еве неколку работи на кои треба да обрнете внимание при набавка на блендерот:

Големина – пред да го купувате, определете место во кујната каде ќе стои блендерот и измерете ја висината. Ако подготвувате храна во блендерот за повеќе лица, подобро купете блендер со поголем сад, но доколку го користите за лична подготовка на шејк, доволен е и помал сад.

Функции – практично е да има можност за додавање на состојки додека апаратот работи. Поголема брзина овозможува подобро иситнување на состојките, без оставање на грутки. Проверете дали бледнерот овозможува ситнење на лед или јаткасти плодови и житарки.

Стаклен или пластичен сад – апаратот со пластичен сад е поевтин од оној со стаклен, но пластиката понекогаш може да го задржи мирисот на храна која сте ја употребувале, и покрај тоа што е измиена. Стаклениот блендер е потежок и поскап, но има подолг век на траење.

Подвижна база – кај бледнер кој има подвижна база, чистењето и одржувањето на апаратот е многу поедноставно.

Останато - проверете каква гаранција нуди производителот. Како корисник треба да се придржувате до упатството на блендерот бидејќи понекогаш преголемо количество на состојки може да го оптоварат апаратот и да доведат до брз дефект. Модерните мултифункционални блендери имаат многу функции, но со тоа и цената е повисока. Проверете кои од тие функции одговараат на вашите потреби.