Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Саем за мебел Келн 2013



Како прв голем светски саем за мебел во годината, и овој пат, од 14 - 20.01.2013 се одржа IMM Köln. На саемот земаа учество 1250 излагачи од преку 50 земји. Саемот го посетија 142.000 посетители од 137 земји.




Како основна црта која се забележува е тежнеењето кон природата и екологијата. Притоа, дрвото како материјал е во преден план. Акцент е ставен на неговата природна структура, а се комбинира и со други материјали.




Притоа, дабовото дрво е најзастапено, во природна боја, како и во “задимени” нијанси. Присутно е во форма на масив или како фурнирани елементи.

На поврзаноста со природата се надоврзува употребата на кожа и природни ткаенини. Сè почеста е употребата на стаклото, како замена на пластичните материјали.

Особено влијание се посветува на квалитетот на завршна обработка, која е пропратена со примена на врвна техника и технологија.

Кога станува збор за боите, белата, нијанси на крем до темно кафена, како и сивата се силно застапени. Од живите бои, тука се жолтата, портокалова, бојата на циклама, зелената, како и сината.

Мотивите се геометриски, апстрактни, етно и инспирирани од природата. Мат ефектот е силно застапен, а високиот сјај генерално се јавува во детали.

Кај осветлувањето, ЛЕД технологијата е присутна во сите простории, со многубројни форми на примена кои внесуваат динамика во просторот.