Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Актуелности од Саемот на мебел Милано 2013



The Salone Internazionale del Mobile е името под кое е препознатлив саемот на мебел во Милано. Производителите и оваа година ја претставија својата понуда во делот на опремување на ентериерот и градината.

На саемот беше силно забележлива тенденцијата кон природата, природното и екологијата во материјалите, боите, формите ... Палетата на бои се движи од светло сива, преку беж тоновите, па сè до темно кафените нијанси. Покрај овие, исклучително застапени се и живите бои, особено сината, од петролеј нијанса до тиркизна, во комбинација со жолтата, зелена и портокалова.

Дрвото како материјал е особено присутно, а најмногу дабовото дрво. На сметка на застапеноста на дрвото, употребата на металот како материјал е минимизирана. Притоа, особено е застапена 3Д обработка на дрвото на фронталните површини и деталите.
















Мотивите кај ткаенините се разновидни – геометриски, цветни, животински, етно, patchwork.

Подните облоги многу често имаат рустикален изглед, со мазна или пак нерамна завршна обработка.

Во голема мера доминираат мат површините, со исклучок на стаклените материјали. Стаклото и оваа година е присутно, и тоа особено кога е затемнето во сиви и кафени тонови.








Во тренд се парчињата мебел во класичен стил кои се донесени на модерен начин, како на пример, преку комбинирање на минималистички стил со поединечни класични парчиња.

Кај мебелот многу често острите и рамни линии се заменети со овални линии, инспирирани од ретро мотиви, масите се со заоблени ивици, а гарнитурите за седење,столиците и креветите се со меки форми.








Трендот на удобно живеење, со можност за брза трансформација во согласност на потребите, особено се забележува кај гарнитурите за седење и клуб масите кои се повеќефунционални, со можност за ротација или извлекување на одредени елементи.