Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Совети за уредување на дом со мали деца

Детска соба за девојче



При дизајнирањето на детската соба, најголем и најбрз ефект се постигнува со бојадисување ѕидовите. Тие не треба да бидат пренападни поради лошото влијание на концентрацијата, како и на сонот.

Теми за уредување на собата за вашата најмила има безброј, но едно е сигурно - нема да погрешите со розовата која повеќето девојчиња ја обожуваат. Може да се направи и комбинација на различни тонови или нијанси. На пример, еден ѕид со поинтензивна боја, а другите со понежни нијанси од истата боја. Можна е и комбинација топли со студени тонови, на пример розова со зелена.

Одлична опција е и поставувањето на тапети со детски мотиви кои може лесно се одржуваат и менуваат.

Поставете ткаенини со декорации и интересни мотиви со кои ќе внесете топлина во просторот. Цветните дезени кај повеќето девојчиња се омилени и може да бидат присутни на табуретките, перничињата, тепихот, завесите ...

Полиците се исклучително битен елемент за секоја детска соба за девојче. Тоа на нив ќе ги изложува своите лични работи како што се омилените ракотворби, фотографии или играчки.

При избор на маса, одличен избор е со онаа со L облик – покрај улогата како работна маса за цртање, пишување и учење, ќе овозможи и дополнителен простор за повеќе ситни предмети и украси.

Поставете и огледало во склад со стилот на уредување на собата – девојчињата сакаат да се огледуваат кога ја пробуваат облеката и обувките.

Еве неколку убави детски соби за девојчиња: