Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Каде да се постави клима уредот?


Местото на позиционирање на клима уредот во просторијата пред сè треба да овозможи безбедна употреба, без негативно влијание по здравјето на домашните.

Клима уредот не треба да биде директно насочен кон гарнитурата за седење, масата за пишување или други места каде се престојува подолго време. Директното изложување на струење на студениот воздух може да предизвика главоболка, вкочанетост на мускулите и други здравствени проблеми, па затоа треба да се избегнува..

При поставување на клима уред во спалната соба, најдобро е тој да не биде поставен во правец на креветот (над заглавјето или спроти него), туку да биде поставен во делот од спалната соба кој е до креветот.

Доколку сакате со клима уредот од една просторија да го климатизирате воздухот и во друга просторија, најдобро е тој да биде насочен кон вратата со што ќе се овозможи најефикасно климатизирање на другата просторија.