Совети за избор на бела техника:

Машина за перење алишта

Машина за сушење алишта

Машина за миење садови

Микробранова печка

Правосмукалка

Плоча за готвење

Ладилник

Аспиратор

Блендер



Совети за избор на бела техника



Плоча за готвење

Видови на плочи за готвење – се разликуваат според изворот на енергија кој го користат : на плин и на струја или комбинирани (2плин+2струја ; 3плин +1струја).

Најприсутни на пазарот се плинските плочи. Тие имаат термичка заштита против истекување на плинот, а повеќето имаат електрично палење на пламенот. При готвењето на плинските плочи треба да се води сметка дека брзината на готвење е голема и реакциите при смалување и зголемување на пламенот се брзи. Недостаток на готвењето на плин е потребата од користење садови со двојно дно поради тоа што и во ситуација кога плинот е ставен на најмала јачина, оганот може да биде пресилен.

Кај електричните плочи денес класичните емајлирани плочи се заменуваат со стакло-керамички плочи кои побрзо се загреваат, трошат помалку енергија, имаат повеќе степени на подесување, а имаат и добар изглед и лесно се чистат.

 

Предност на готвењето на струја на стакло-керамичка плоча :

- Плочите се термостатски регулирани, што значи дека ја задржуваат подесената топлина, што овозможува рамномерно готвење.

- Рамномерно се грее дното на садот и топлината е распоредена на целиот сад.

- Овозможено е побавно готвење без мешање бидејќи се постигнува минимална температура за разлика од плинот каде и најнискиот степен на подесување е пресилен.

- Естетскиот изглед е позитивна карактеристика.

- Истражувањата покажуваат дека готвењето на стакло-керамичката плоча е за 25% поефтино од готвењето на плинска боца.

 

Предност на готвењето на плинска плоча за готвење :

- пониска цена при купување

- побрзо готвење на јадења кои се варат кратко време – на пример, кафе. Кај јадења кои се готват подолго време од 20 минути нема разлика.

- Кога готвиме на плин, при кипење на јадењето доволно е само за да намалиме јачината на оганот, за разлика од струјата каде треба садот да се тргне на страна.

Индукциски плочи за готвење – индукциската плоча за готвење ја загрева храната во садот побрзо од плинот или од класичната стакло-керамичка плоча на струја, а притоа троши помалку ел.енергија. Топлината се наоѓа само под садот, а полето престанува да делува кога ќе го тргнеме садот. Моќноста во момент се смалува на најнизок степен што доведува до минимална потрошувачка на ел.енергија. При можно излевање на плочата нема да и се случи ништо бидејќи не е загреана и едноставно може да се избрише со обична крпа.

Индукциската плоча работи на принцип на магнетна плоча која се насочува само на дното на садот. Содржината на садот брзо се загрева бидејќи не е потребно прво да се загрее грејачот, па потоа плочата, па дното на садот, па дури тогаш содржината на садот. Кај традиционалното готвење на плин и на струја топлината се пренесува преку плоча на дното на садот. Кај индукцијата плочата остварува топлина непосредно на дното на садот.

Садовите за готвење со индукција мора да бидат од магнетни материјали. За да го проверите тоа ставете магнет – ако се залепи условот е исполнет. Најдобри се емајлираните садови и садовите од лиено железо, а може да се употребуваат и садовите од не `рѓосувачки челик, но под услов да имаат магнетно дно. Садовите од керамика, стакло и алуминиум не може да се користат. Индукциската плоча може да го “ препознае ” садот кој се наоѓа на неа. Истотака индукцијата ja “ препознава ” и содржината во садот, односно во случај да ставиме во садот масло и тоа да се прегрее, индукцијата автоматски ќе престане да додава енергија. Истотака ако се случи содржината во садот да испари, сензорот ќе го препознае прегревањето и автоматски ќе исклучи. Овие карактеристики го вбројуваат начинот на готвење со индукција во најсигурните начини.