почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:


 
Совети за избор на бела техника:

Машина за перење алишта

Машина за сушење алишта

Машина за миење садови

Микробранова печка

Правосмукалка

Плоча за готвење

Ладилник

Аспиратор

Блендер



Совети за избор на бела техника



Правосмукалка

За отстранување на нечистотиите во домот (кои се внесуваат во домот 80% преку чевлите) најдобро помагало е правосмукалката. Правосмукалките се разликуваат по квалитетот на филтрација, изведбата, всисната моќност и ефективност, видовите на продолжетоци и нивната употребливост.

Правосмукалките главно се делат на 3 групи :

1. На пазарот најзастапени се т.н. суви правосмукалки. Тие се лесни и едноставни за употреба. Кесите за собирање на прашината можат да бидат за еднократна или за повеќекратна употреба.

2. Во втората група се водените правосмукалки. Тие се предвидени за мокро и суво чистење, а може да се користат за смукање на течности од подот. Наменети се за поголеми простории, на пр. за подруми или работилници. Правосмукалката од типот три во една истотака е мокро-сува правосмукалка, но со дополнителна опција за влажно чистење на теписи или на тапациран мебел бидејќи имаат функција за шампонирање и смукање на истата течност. Недостаток на овие правосмукалки е поголемата тежина како и потребата за нејзино чистење по употребата.

3. Водените правосмукалки со воден филтер се правосмукалки со водена филтрација. Во рацете на демонстраторите тие изгледаат едноставно, но во пракса бараат прилагодување. Нивна предност е водениот филтер, па така наместо да се купуваат вреќички, пред смукањето едноставно само ставаме вода која ја има улогата на филтрација.

Додатоци и длабинска четка - правосмукалките најчесто се опремени со различни додатоци за теписи, подови, тапациран мебел, агли. Скоро кај сите модели може да докупите длабинска четка. Овие четки имаат посебен дел кој се врти, па на тој начин може да се смука прашината уште подлабоко во материјалот.

Постојат два типа четки :

- Длабинска четка со воздушно задвижување – ваљакот се врти поради потпритисокот во всисната глава. Со оваа четка може да се чистат теписи и површини на кои се седи. Со неа се постигнуваат за 10% подобри всисни особини од класичниот додаток и кај неа не е потребно постоење на додатоци како што е електрична утичница на правосмукалката и дополнителни кабли.

-Електрична длабинска четка-електромотор дополнително го придвижува ваљакот во всисната цевка. Тој му дава постојана брзина. На четката и е овозможена константна работа без разлика на дебелината на тепихот. Ефективноста на оваа четка е 20-25% поголема од четката задвижувана од воздух, а длабочината на смукање е 8-10 cm . Цената е двојно поголема од воздушно задвижуваната четка, а потребна е и правосмукалка со ел.утичница.

Дополнителна удобност – како мерило за квалитетот треба да се спомне и материјалот на куќиштето на правосмукалката. Тврдата пластика може да предизвика оштетување на мебелот. Подобрите модели нема да работата ако сме заборавиле да ја ставиме вреќичката. При изборот треба да се внимава и на производителот – дали ќе опстои на пазарот додека ја користиме правосмукалката за да корисниците може да се снабдуваат со филтри, вреќички и останата опрема.

 











© 2006-2014 sezadomot.com.mk