почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:
 
Сам свој мајстор:

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Поставување на ламинатни подови


Кога ќе одлучите да поставувате ламинатен под, треба да се исполнат некои предуслови за перфектна изведба. Еден од најбитните услови за совршена вградба е подлогата. Подлогите кои се погодни за ламинат се: стари дрвени подови, керамика, итисони, теписони, линолеум и бетон. Подлоги кои не се препорачуваат се: стари дрвени подови, теписи... Уште еден од битните фактори за поставување е температурата на просторијата, која не смее да биде помала од 18°C, како и температурата на просторијата која не смее да биде помала од 15°C. Истотака, температурата на подот не смее да биде поголема од 26°C. Ламинатот треба да се постави по должина во однос на изворите на светлост. Со такво поставување на ламинатот споевите на даските се практично невидливи.

 

Прв чекор при местењето на ламинатните подови е поставување на полиестерската фолија со дебелина 2mm. Нејзина улога е да ги израмни ситните нерамнини од 2mm и со тоа да обезбеди идеална рамна површина за поставување на ламинатот.

 

 

Почнуваме со поставување на првиот ред. Ги ставаме првите две даски од првиот ред. Тие се фиксираат до ѕидот со помош на дрвени вметоци со дебелина од околу 1см.

 

 

Понатаму продолжуваме со вториот ред и тоа со даската која претходно сме ја пресекле на половина. Прво се вклопува бочниот спој на даската (оној по должина) така што даската се поставува на бочниот спој под агол од 20° и се спушта кон подлогата. Големината на одсечената даска не смее да биде помала од 40cm.

 

На ист начин ја поставуваме и втората даска од вториот ред. Кога тоа ќе го направиме, се е спремно за спојување.

 

 

 

Ја спојуваме и втората даска од првиот ред. Даската се спојува со удирање со чекан пред кого се става парче од цврсто дрво со правоаголен облик за да не се оштети даската. Процедурата се повторува и со даската од вториот ред.

 

 

Со доаѓање до крајот на просторијата, даските треба задолжително да се сечат. За да прецизно ја измериме должината која е потребна, даската ја свртуваме спротивно од саканата насока на склопување и ја оцртуваме потребната должина.

 

 

Склопувањето на последната даска на првиот ред се изведува со метален профил со форма на буквата “S“. Без него склопувањето е практично невозможно. Процедурата се повторува и за вториот ред.

 

 

 

За поставување на последниот ред на даските во повеќето случаи е потребно сечење на даските по должина.

 

 

 

Мерење на даските од последиот ред се врши на тој начин што даската се врти спротивно од саканата насока на склопување и се оцртува саканата ширина.

 

 

 

Со поставувањето на последиот ред ја завршивме работата за инсталација на ламинатниот под.

 

 

 

Ѕидните дрвени лајсни не смеат да се прицврстуваат за ламинатниот под, лајсните се прицврстуваат за ѕидот. Тоа може да се изврши со зашрафување, вклопување или со лепење во зависност од видот на ѕидот.

 

 

 

следна..

 

 

 

© 2006-2012 sezadomot.com.mk