Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор

Вклопување на софата во просторот

Ненаметлива работна маса во дневна соба

Кревет во дневната соба

Создадете мала трпезарија

Клуб маси од трупци

Избор на трпезариска маса

Избор на трпезариски столици

Функционалности на табуретката

Избор на димензија за корниза и завеса

Одделување на кујната од дневната соба

Уредување на празни агли

Низок мебел во ентериерот

Дрво во дневната соба



Камин – топлина со стил



Изборот на одреден вид на камин му дава карактер на просторот во кој се наоѓа. Постои и изрека дека каминот ја прави куќата дом.

Скоро ниту еден елемент во уредувањето на домот не може да создаде такво чувство на задоволство како она што се создава при седење до каминот.

Развојот на каминот започнал во четиринаесеттиот век, иако отвореното ложиште и претходно претставувало централен дел и “срце” на куќата. Со тек на вековите каминот доживеал многу технички и декоративни измени. Во деветнаесетиот век камините добиваат поедноставни облици, за разлика од “накитените” камини во претходните периоди.




Каминот - срцето на куќата


Избор на камин

Сè до денес може да се сретнеме со различни стилови во обликувањето на камините, од модерни, со чисти геометриски линии до оние кои и понатаму ги следат насоките од далечното минато.

Изборот на каминот пред сè треба да зависи од стилот на уредување на домот. Без разлика дали стилот е модерен, класичен, рустикален или селски, каминот треба претставува акцент или надополнување на веќе постоечкиот амбиент во просторот.




Малку поинаков камин


Генерално постојат два типа на изведби на каминот: ѕидан и префабрикуван (претходно произведен) камин.

Во материјали кои се употребуваат за изработка на фасадата на ѕиданиот камин спаѓаат природните материјали: камен, мермер, гранит, гипс, тула, дрво, како и материјали кои се среќаваат кај новите типови на камини – прохром, месинг и стакло.

Каминитe можат да бидат со отворено или со затворено ложиште, може да имаат различна големина, моќност, начин на отворање на вратата итн. Ложиштата може да употребуваат тврдо гориво, електрична енергија, плин, природен гас или био-гориво.




Префабрикуван метален камин


Предуслови за правилно функционирање

Камините секогаш се поставуваат на доволно цврста и стабилна подлога. Со својата тежина создаваат притисок, па затоа не е препорачливо да се става на подлоги со меки изолации, бидејќи доаѓа до нивно пристискање и пукање.

Најпријатно чувство создаваат камините со ложиште на дрво, поради природниот начин на ложење. Но, за вградување на овој тип на ложишта треба да бидат задоволени определени услови. Еден од основните е обезбедување на доволен пречник на оџакот. Следен важен предуслов за правилно функционирање е доводот на свеж воздух кој ќе овозможи подобро согорување, а со тоа и побрзо загревање на просторијата. Овој пречникот може да биде поделен во две или три цевки со помал пречник.

Кога станува збор за поставување на полици во гаража или стакленик, полиците од галванизиран метал се соодветен избор. Тие обично се купуваат во делови, можат да имаат различна носивост, а предност може да претставува нивната прилагоденост за чување на разни алати. Доколку се оштетат тие кородираат, а нивен недостаток е и ограниченоста во однос на дизајнот.





Најпријатно чувство создаваат камините со ложиште на дрво


При изборот на камин секогаш треба да се изврши советување со стручни лица, кои ќе посочат кој камин е најсоодветен за постоечките услови во просторијата каде што ќе се поставува. Исто така и вградувањето на каминот треба да биде изведено од специјализирана фирма за таа намена, со цела да се обезбеди негово правилно и безбедно функционирање.




За прекрасен амбиент во новогодишната ноќ