Уредување на бања:

Совети за уредување на бањата

Осветлување на бањата

Чување на предмети во бањата

Кадата - господарка на просторот

Трикови за уредување на мала бања

Бои во бањата

Избор на мијалник

Егзотика во вашата бањa

Совети за избор на туш-кабина

Задоволство во обична бела бања

Што да се постави во бањата: када или туш-кабина?

Бања по мерка на децата

Уредување на мала бања

Цветни мотиви во бањата

Детали во бела бања

Рустикални бањи

Бања со нов сјај

Совети за избор на плочки во бањата

Типови на туш кабини по мерка

Полици во бања

Совети за безбедна бања

Дали тапети и во бањата?

Живи бои за мала бања

Грешки при избор на плочки за бања

Големо огледало во бањата

Плочки за интригантна бања

Избор на мијалник



Мијалници кои се потпираат на нога и мијалници кои се вградени во ормарчиња се добри решенија кога станува збор за прикривање на цевките, но мијалникот кај нив се наоѓа на одредена висина, што е недостаток доколку висината на лицето што ќе го користи мијалникот е помала или поголема од просечната. Затоа пак, мијалникот кој се прицврстува на ѕидот може да се постави на висина која најмногу ни одговара.



Мијалници со нога

Мијалниците со нога ги има во голем број на стилови и големини, а вообичаено се поставени на висина од 85 до 90 cm.




Доколку мијалникот сакате да го поставите повисоко, може да се постави платформа под него. За да не пречи при уредувањето на просторот во бањата, на ѕид се монтира дури откако останатите елементи се поставени.


Ѕидни мијалници

Овој тип на мијалници заштедуваат простор. Тие може да се прицврстат на ѕид или на вертикална преграда која е доволно силна за да ја поднесе тежината на мијалникот наполнет со вода .




Поради слободниот простор под мијалникот, бањата ќе изгледа поголема, а на ова место може да се стави столче без наслон или вага.


Мијалници со ормарче

Класично и модерно обликуваните мијалници со ормарче нудат разновидна опрема: мијалник, работна површина, полици, како и пристап до водоводните инсталации.





Мијалникот може да биде на средина, со слободните површини од страна, или да биде поставен на страна за да се ослободи поголема површина за одложување на козметиката или на приборот за бричење.


Совети:

• Изберете мијалник кој му прилега на просторот, а притоа да остава многу простор кој ќе овозможи при наведнување и миење на лицето да не се удрите во ѕидот позади вас.

• При изборот на боја на мијалник, треба да се знае дека кај посветлите мијалници, дамките од каменец помалку се видливи отколку кај потемните. Во овој поглед белата боја е најсоодветна.

• Кога мијалникот од природното дрво, поради зачувување на изгледот и спречување на дамки од каменец, потребно е редовно подмачкување со специјано масло.