Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Совети за уредување на дом со мали деца

Квалитетна организација на детската соба



Детската соба е прекрасно весело место, но доведувањето во ред често претставува “невозможна мисија”. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во организацијата и воведувањето ред во детското катче.

1. Спуштете се на нивно ниво.
Спуштете се на колена во нивната соба за да може да ги видите работите од нивна висина. Прикладноста на предметите за детето е важен фактор за добра организација или за отстранување на непотребните работи. Спуштете ги полиците во шкафот со облека. Ставете ги најчесто употребуваните предмети на најниските полици и во најниските фиоки. Поставете декоративни кантички, кутии, корпи и слично во аглите на собата, на дното на шкафот или покрај креветот.

2.Сокријте ги предметите под кревет. Употребете тенка, правоаголна кутија со тркалца што ќе служи за чување на предмети под креветот. Подгответе една таква за кукли, а друга за автомобили. Исто така, детските цртежи, хартии и боички ставете ги во ваква кутија. Повозрасните деца во ваква кутија може да чуваат Тетра мебелтки или ЦД-а.

3.Нека организацијата стане забава. Организирањето може да биде напорно дури и за возрасните. Помислете како се чувствува детето при помислата за раздигање на играчките, облеката, учебниците и Тетра мебелтките. Затоа вклучете ги децата, допуштајки им, на пример, да изработат креативни налепници за своите фиоки и кутии. Исто така, може да направите фотографија од вашето дете со одреден предмет кој е наменет за одредена фиока и да ја залепите на предната страна на фиоката или кутијата.

4. Фиоките нека бидат плитки. Што е подлабока фиоката, толку повеќе предмети ќе може детето да стави во неа, што ја отежнува организацијата. Со исклучок на фиоки кои се исклучиво наменети за поголемите предмети, користете плитки фиоки.

Наполнете ги подлабоките фиоки со мини-организери, кутиички, кутии и разни прегради за одвојување на предметите во фиоката. Фиоките нека бидат поставени на тркала, што ќе овозможи лесно да бидат внесени во шкафот или поставени до ѕидот.

5. Кодирајте ја организацијата со бои. Купете сини кутии за Барбиките, а црвени за количките. Летната гардероба закачете ја на зелени закачалки, а свечената на сини. Или пак, користете една боја за едно дете, ако имате повеќе деца.

6.Закачувајте. Вашите деца би можеле да ја разгледуваат колекцијата на лични ракотворби на ист начин како што вие ја разгледувате вашата колекција. Купете исти рамки и закачете ги сликите во неодреден ред на едниот ѕид во детската соба. Тоа дава декоративен и личен елемент.

Поставете плоча од плута на која децата можат да ги закачат училишните слики, разгледниците од патувањата, медалите и наградите освоени на натпревари. Или пак, закачете правоаголен организер со џепови кои сами сте ги сошиле во кои ќе се чуваат слики, разгледници и роденденски честитки кои ќе се собираат преку целата година.

7. Поставете ги основните правила. Пред да се планира играње на друштвените игри во собата, треба да определи место каде што ќе се одложат предметите по играњето. Во собата задржете ги само предметите кои ќе имаат свое место. Ако фиоката е полна, исфрлете ги најмалку потребните предмети.