Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии



Природни средства за чистење



Со употреба на природните производи за чистење како што се оцетот и сода бикарбоната постои помала веројатност за надразнување на кожата и создавање на дишни алергии отколку при користење на купечките, хемиски средства. Освен тоа, тие се посигурни за децата и домашните миленичиња, во случај да ги проголтаат.

Еколошки гледано, со нивно испирање и пуштање во канализација не се загадува животната средина, а и финансиски се далеку поевтини. Со правилен избор и начин на употреба се постигнува ефект како и кај хемиските средства.


Бел оцет

Според некои истражувања, белиот дестилиран оцет има десетици корисни можности за употреба во домаќинството, од подготовка на храна до чистење на тврдокорните наслаги на каменец.

Поради високата содржина на киселина, белиот оцет има неограничен век на траење. Поради својата киселост не дозволува развој на бактерии, па така е добредојден во секоја кујна и бања.


Неколку совети како да се употребува белиот оцет:

• Исчистете и дезифинцирајте даска за режење и кујнски работни површини.

• Дезодорирање на кујната од непријатните мириси (премачкајте ја површината со оцетот и оставете 30 минути пред испирањето со вода).

• Местата на кои се појавуваат мравки пребришете ги со оцет.

• Отстранете го каменецот од тушот - натопете крпче во оцет и премачкајте го тушот или уште подобро натопете го во оцет. После неколку минути измијте го.

• Чистење ги прозорците - во водата додајте малку оцет и измијте ги прозорците.

• Оспособете ја старата четка - натопете ја во врел оцет, а потоа измијте ја со топла вода.

• Спречете создавање на каменец во туш-кабината - повремено стаклениот ѕид од туш-кабината пребришете го со оцет, а потоа измијте го.



Сода бикрабона

Еве неколку начини за употреба на сода бикарбона (хемиско име: натриум бикарбонат) како средство за чистење во домаќинството:

• Сода бикарбона е одамна познато средство за отстранување на непријатни мириси, па за таа цел посипете ја по сув тепих и тапациран мебел, оставете ја најмалку 15 минути да стои, а потоа ишмукајте ја со правосмукалка.

• Влажниот сунѓер посипан со сода бикарбона е идеално средство за чистење на сјајни површини од ростфрај (садови, славини, лонци итн.)


• Со сода бикарбона може да се отстранат повеќето мириси на мувла настанати во влажен простор.