Трендови:
(написи)

Саем на керамика Cersaie 2019

Трендови на уредување од Келн 2019

Саем на мебел Келн 2019

Бојата на 2019 во ентериерот

Боја на годината за 2019

Максимализам на бои

Честерфилд софи во тренд

Сепиа ентериери во тренд

Саем на мебел Милано 2018

Високи лајсни во тренд

Трендови кај керамичките плочки во 2018

Трендови на уредување во 2018 година

Саем на мебел Келн 2018

Ultra виолетова - Pantone боја за 2018 година

Палети бои во тренд за 2018

Румено-бакарна боја

Цветни мотиви

Клупата е повторно актуелна

Модерни подни ламби

Хромотераписки туш

Трендови во уредување на спалната соба

Трендови: "vintage print"

Трендови во уредување на дневната соба

Трендови во уредување на дневната соба, 2009



Ентериерот растоварен од одвишните парчиња на мебел, со чисти и јасни линии кои ги наметнуваат најновите трендови, ќе претставува пријатно место за домување и едноставно за одржување.




Минимализмот на елементите на мебелот е надополнет со низа детали кои внесуваат динамика во просторот. Притоа, главните елементи кои го дефинираат амбиентот се комодите, витрините, полиците, осветлувањето ...




Доколку сте трендовски ориентирани, со избор на бела боја, како основна, нема да згрешите, но притоа дополнувањето со црна, розова, црвена или портокалова е задолжително.

Гарнитурите за седење се составени од повеќе парчиња, и на тој начин се мобилни и прилагодливи кон просторот. Покрај ова, тие ги задоволуваат сите телесни потреби на своите корисници бидејќи овозможуваат едноставна трансформација од седечка во лежечка или полулежечка гарнитура. Наваленоста на наслонот, како и перничињата кои го обликуваат и одредуваат начинот на седење стануваат подвижни и на тој начин прилагодливи за потребите на корисникот.
















Големите и масивни регали, кои веќе со години не се веќе во мода, се враќаат на сцена, но со чисти линии. Со оглед на барањата на современото домување, тие идеално ги исполнуваат своите функции во просторот и овозможуваат чување на голем број на работи.

Функционалното одделување на поедини групи на дневната соба се изведува со транспарентни полици, кои дискретно го разделуваат просторот. Истовремено го збогатуваат со своите структури, начини на пропуштање на дневната светлина и атрактивните можности за осветлување со вграденото осветлување. Полиците се користат за поставување на книги, украсни предмети и собни растенија.








Споредните ѕидови се исполнети со отворени полици, а во центарот е ТВ комода со телевизор. Дел од просторот секако искористете го за библиотека, која станува незаобиколен дел на дневната соба. Трендовите нудат решенија и за сите оние кои не сакаат да ја чистат прашината од отворените полици – полиците може да се затвораат со стаклени лизгачки врати, па така транспарентноста на елементите е задржана.








Клуб-масите се прилично истакнати со својот облик и комбинација на материјали и бои, што овозможува идеално да се комбинираат со еднобојната гарнитура за седење со чисти линии и мала фотеља која стилски не мора да ја следи гарнитурата за седење.




Тепихот не е со големи димензии, а модерни се долгите влакна или patchwork кој е составен од различни материјали. Patchwork-от пожелно е да се искомбинира со поедноставни елементи, а еднобојните теписи со подинамични бои на клуб-масата и гарнитурата за седење.




Расветните тела се важни елементи во просторот. Карактеристичен е големот лустер кој е централно сместен во зоната на седење, а кој стилски не мора да ја следи дневната соба. Амбиенталното осветлување создадете го со самостоечки зглобни ламби кои ќе ги сместите во различни агли од дневната соба и по потреба ќе ја менувате динамиката и аголот на осветлувањето.

Доколку лустерот се истакнува со својата појава во просторот, одберете дискретен дизајн на ламби и обратно.




Минимализмот, како основа, е идеален за надополнување со елементи од различни стилови, со што е овозможено секој да пронајде и дел од сопственото изразување, кое многу едноставно ќе се вклопи во просторот.