Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Вградување на осветлување во мебелот



Со интеграција на осветлувањето во поедини парчиња мебел може да се создадат просторни ефекти во кои интеракцијата на светлината и сенките ќе создаде посебни ентериерни амбиенти, кои особено се изразени ноќе.




Поставувањето и вградувањето на расветни тела е составен дел од опремувањето на секој простор. Нивната примарна, функционална улога е обезбедување на потребното осветлување во секоја просторија. Но, расветните тела освен задоволување на функционалниот дел нудат и многу повеќе – незаборавни естетски доживувања какви што може да се создадат единствено со игра на светлината.

Току од овие причини светлосните ефекти треба да се искористат на најдобар можен начин со што на просторот ќе му се даде можност да се изрази преку светлосните ефекти. Еден од овие начини секако е вградувањето на расветни тела во мебелот, кој со овие атрактивни комбинации ја зголемува својата употребна и естетска вредност.

Дневната соба, како зона за собирање на семејството и пријателите, е идеална за создавање на атрактивни светлосни ефекти постигнати со вградување на расветни тела во мебелот.



































Особено атрактивни решенија нуди вграденото LED осветлување. Ненаметливото и исклучително префинето осветлување, кое ги следи линиите на мебелот, овозможува истакнување на определени зони и создавање на ноќни ефекти во просторот.

Освен континуиранoто LED осветлување, постои можност за вградување на разни точкасти расветни тела, чии светлосни ефекти може да се разликуваат во зависност од големината и моќноста на телото, бојата на светлината како и од нивната положбата во просторот.








Вграденото осветлување во мебелот одлично ја надоместува светлината потребна за читање или работа, го редуцира бројот на ламби и притоа создава декоративни ефекти во просторот. Токму оваа двојност – квалитетно исполнување и на функционалните и на естетските барања прави тоа да е предизвик при изборот на дизајнерските решенија. Директно или индиректно, обоено или бело, секогаш е единствено на свој начин, создавајќи автентични просторни сцени.

Со примена да вградено осветлување во елементите на спалната соба може да се задоволат повеќе барања како што е подобреното осветлување на гардеробниот плакар, фронталната површина на плакарот, обезбедување светлина за ноќно читање, истакнување на декоративни елементи или полици во просторот ...
















Со игра на осветлувањето и мебелот може да се зголеми разиграноста и фантазијата во детската соба. Вграденото осветлување може квалитетно да ја осветли работната зона или да овозможи читање во кревет. Декоративната улога на вграденото осветлување во детската соба може да биде понагласена од функционалната.




Кујната со вграденото осветлување ќе добие нов сјај, но и осветлување кое е потребно за извршување на различни работни активности. Како не би била само простор за подготвување на храна, со светлосните ефекти направете ја простор во кој со задоволство ќе престојувате и уживате, истовремено овозможувајќи индиректно осветлување и на другите делови на просторот, на пример, трпезаријата или дневната соба.




















Дизајнерските можности се неограничени, па затоа поиграјте си со вграденото осветлување и дајте му нова димензија на просторот во кој живеете.