Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Подница на креветот



Креветот се состои од неколку делови кои овозможуваат тој да функционира како целина. Притоа, без разлика за каков кревет и душек станува збор, важно е да се има квалитетна подница. Таа овозможува правилна анатомска положба на душекот, а со тоа и на ‘рбетот, прозрачување на душекот, како и долг век на траење на душекот и креветот.

Поранешните тврди, фиксни дрвени подници денес се заменети со подници изработени од еластични летвички (познати и под името “lattoflex”) кои се закривени и термички обработени, со што е овозможено да реагираат на промената на движењето на телото и да се спуштат само на местото каде што тоа е потребно. На тој начин, се спречуваа тонење на телото, а се овозможува правилна положба на ‘рбетот и одмор на мускулите. Што е поголем бројот на летвичките, толку поефикасно е нивното дејство, а и целиот систем на креветот добива поголема трајност.

Изборот на душек исто така е во непосредна зависност од подницата на креветот. Имено, еластичноста на подницата ја зголемува конечната еластичност на душекот. Освен разликата во бројот на летвички, постојат разлики и во однос на еластичноста на самите летвички кај подниците, со доведува чувството при спиење на различни подници да не биде исто. Затоа, најдобро е душекот и подницата да се испробуваат во исто време.

Доколку во креветот читате или гледате ТВ, соодветен избор е подница со подигање на заглавјето, притоа имајќи предвид дека со подниците со моторно подигање далеку поедноставно и полесно за ракува.





Кога станува збор за брачен кревет, кој најчесто е со широчина поголема од 140 cm, поставување на подница во едно парче е проблематично. Без разлика за каков тип на летвички станува збор, едноделната подница нема да може да ја извршува соодветно својата функција.


Затоа, за кревети пошироки од 140 cm се препорачува поставување на две подници, поставени една до друга, со што ќе се овозможи оптимална потпора и удобност за двете лица што спијат.