Помалите слики поставете ги на помалите ѕидови, а поголемите слики на поголемите ѕидови.
Доколку имате повеќе уметнички слики и ги распоредувате ги во два реда, во долниот ред ставете ги сликите со посилен колорит, а во горниот сликите со понежен колорит.
Во зависност од просторот треба да се избере каква слика ќе се закачи – на пример, во спалната соба одговара слики со помирен колорит, кој го има кај пастелот или акварелот, додека во кујната одговараат слики на мртва природа со мотиви на овошје или цвеќе.
Осветлете ја сликата доколку сакате да ја зголемите нејзината улога во просторот.
Доколку на ѕидовите има тапети, поставете слики со покрупни и поедноставни мотиви, кои се врамени во поголема рамка или со пошироко паспарту.
2. Сликата покрај класичниот начин - со закачување, може да се постави и на полица, со цел да се направи просторот поинтересен.
3. Живите бои на сликата внесуваат возбуда во просторот, додека неутралните делуваат смирувачки.
4. Поставување на слика со насликан пејсаж, улица која оди во бескрај или соба во три димензии е добар начин визуелно да се зголеми простор. Во овој случај сликата ја игра улогата на “прозорец” во собата.
5. Големината на сликата која ќе се постави треба да биде прилагодена на парчето мебел кое е во непосредна близина. Така, доколку се работи за слика која е поставена над маса, таа не би требало да биде поширока од масата, а генерално може да се препорача таа да биде 75% од нејзината широчина.
6. Порамнувањето на сликите по хоризонтална линија визуелно го раширува просторот, а по вертикална линија го издолжува.