Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Нивоа на осветлување во кујната



Грешката која најчесто се прави при осветлување на кујната е обидувањето да се осветли целата кујна само со едно расветно тело, позиционирано на таванот.

Осветлувањето на кујната вклучува квалитетна координација на четири нивоа на осветлување: работно, амбиентално, насочено и декоративно осветлување.


Работно осветлување

Ова осветлување е првото ниво на осветлување на кое треба да се мисли при планирање на осветлување на кујната. Препорачливо е овој вид на осветлување да се инсталира веднаш на работните површини, односно под висечките елементи. Дел од ова осветлување е и осветлувањето на аспираторот, кое по стандард оди како вградено.








Амбиентално осветлување

Уште еден важен дел од осветлувањето е амбиенталното ниво, кое често се занемарува во кујната. Основната улога на абиенталното осветлување е ублажување на сенките, како и допринес кон примамливиот амбиент во просторијата. Имено, со новата улога кујната не е повеќе исклучиво просторија за подготовка на храна. Со најновите трендови, денешните забави се префрлуваат во трпезариите, а неретко и во самите кујни што му дава на важност на овој сегмент од осветлувањето.




Насочено осветлување

Ова ниво на осветлување не е есенцијален за функционалноста на кујната, како и за амбиентална атмосфера, но модерните концепти на кујните оставаат простор за истакнување на различни декоративни детали на ѕидот или на некоја од полиците. Насочен светлосен сноп е еден од најдобрите начини на истакнување на одреден декоративен елемент.




Декоративно осветлување

Овој дел на осветлувањето најмногу зависи од големината на кујната. Што е кујната поголема, поголема важност имаат и лустерите и ѕидните ламби. Иако најмалку допринесува за осветлувањето на просторијата, по правило преставува најскап дел од проектирањето на осветлувањето на кујната.