Оддалечете ги глувците од вашиот дом со помош на овие неколку совети:
Лисја и масло од мента
Познато е дека глувците не го поднесуваат мирисот на ментата, односно маслото од мента. За најдобри резултати натопете вата во масло од мента на местата за кои се сомневате дека се коридори на глувците.
Отстранете ги залихите од намирници
Глувците уживаат во добрата храна, особено ако им се понудат снегулки од житарици, гранули или трошки. Сепак, не треба да мислите дека сте безбедни доколку ги скриете, бидејќи гладниот глушец може да изеде сè она во што може да ги зарие забите.
Ловоров лист
Поставен во кујната или во оставата, ловоровиот лист ги држи подалеку глувците.
Нафталин
Глувците знаат често во зима да ги запоседнат гаражите или шупите. Ова ефикасно ќе го спречите доколку рамномерно ги распоредите куглите на нафталин по просториите. Во куќата нафталинот може да го ставите во фиоки, кујнски ормарчиња и сл.
Црвен кромид
Како привремено решение може да послужи и црвениот лук поставен на местото на влезот. Неговиот јак мирис исто така ќе ги оддалечи глувците на некое време.
Челичната волна
Како привремено решение може да послужи и челичната волна. Доколку сте забележале место на кое глувците влегуваат во вашата куќа, затнете го со челична волна. Овој материјал, за разлика од весниците и дрвото, е многу потежок “залак” за глувците.