Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Класи на енергетска ефикасност


При купувањето на бела техника, како на пример, ладилник, машина за перење алишта или електричен шпорет, најчесто главен критериум претставува цената уредот и неговата интелигенција, додека пак за потрошувачката на електрична енергија најчесто најмалку се води сметка.

После воведувањето на класификацијата на енергетски класи, која ги дели уредите на класи од А до G, односно A (оптимален), B (одличен), C (добар), Е (просечен), F (слаб) и G (лош) степен на ефикасност, производителите сè повеќе вложуваат во развојот на енергетски ефикасни уреди.

Целта на енергетските класи, кои според Правилникот за означување на енергетската ефикасност на куќните апарати треба да ги имаат сите електрични фрижидери, замрзнувачи, машини за перење алишта, машини за миење садови, електрични шпорети, клима уреди и сијалици за домаќинство, е да се информира купувачот за тоа колку ефикасно се искористува електричната енергија кај одреден уред.

За илустрација, машината за перење од класа А троши 8% помалку енергија од онаа со ознака B, додека разликата помеѓу класите B и C изнесува дури 17%. Уредите и расветните тела од А класа трошат и до 45% помалку енергија од истите уреди од D класа.

Затоа, при купувањето на бела техника информирајте се класата на енергетската ефикасност на уредот. Доколку ознаката за енергетската ефикасност не е на видно место, информирајте се кај продавачот.

Машините за перење алишта покрај енергетската ефикасност, имаат и ознаки за ефикасност на перење (потрошувачка на вода), како и ознака за ефикасност на сушење (центрифугирање), како на пр. ААА, АBB итн. Слично е и кај машините за миење садови, каде првата буква ја означува енергетската ефикасност, втората ефикасноста на миење, а третата ефикасноста на сушење.