Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Олеснете го миењето на прозорците



Миењето на прозорци можеби не е забавно, но секако е пријатно кога се гледа низ кристално чисти прозорци. Идеално е кога прозорците се мијат барем еднаш месечно. Прозорците ни ја носат атмосферата на екстериерот, но секако, само ако може да гледаме низ нив без никакви пречки.

Не чекајте прозорците толку да се нечисти за да едвај се гледа низ нив. Самото чистење на прозорците не мора да биде една од најомразените активности во домот. Едноставно поделете го во неколку фази кои ќе бидат продуктивни, но кои нема да ве оптоваруваат. На пример, доколку сте сопственик на куќа на катови, поделете го миењето прозорци на два дела - миење на прозорците на приземје и на кат. Друг начин е првиот ден да ги измиете прозорците во спалната соба и во бањата, а следниот ден останатите прозорци.




Како додаток на вашето планирање на миењето на прозорците, важно е да се обрати внимание на временските услови. Изберете денови кога нема превисоки температури, бидејќи ако сонцето е пресилно, прозорците брзо се сушат и остануваат траги од детергент на стаклото.

За да квалитетно ги измиете прозорците, клучни се неколку неизоставни елементи. Во основната варијанта потребно е следното: кофа, средство за миење прозорци, сунѓер или крпа за миење прозорци, крпа за пребришување на прозорците (на која не им отпаѓаат влакненца), како и стари крпи. Дополнително, добро е и да се има правосмукалка, метличка, прашко, четка, корпа за отпад или вреќа. За сушење на прозорците може да се користат и хартиени марамчиња или весници.


Чекори при перење на прозорците
  • Употребувајќи го продолжетокот во облик на мала четка, со правосмукалка исчистете ја внатрешната страна на прозорската даска и рамката на прозорецот.

  • Натопете го сунѓерот или крпата во средството за миење, и внимателно исцедете го целиот вишок од сунѓерот или од крпата.

  • Мијте го прозорецот со кружни движење од аглите и рабовите кон средишниот дел на прозорецот.

  • Засушете го прозорското стакло користејќи кујнска крпа, хартиени марамчиња или весници. Почнете од еден од горните агли на прозорецот. Сите потези при сушењето треба да бидат насочени во ист правец. Ако за сушење на стаклото употребувате весници, би било добро на рацете да имате заштитни ракавици за да го избегнете печатарското мастило на вашите раце. Ова мастило инаку на стаклото не останува.

  • Кога сте завршиле со исушувањето на внатрешното стакло, пребришете ги и останатите капки на прозорецот со чиста ткаенина или оставете ги сами да се исушат.

  • Со стара крпа избришете ја целата нечистотија од надворешната даска на прозорецот.

  • Измијте ја на ист начин и надворешната страна на прозорецот како и внатрешната, со исклучок на правосмукањето.

  • На крај, исперете ги сунѓерот, кантата и кујнските крпи, а употребените средства за чистење вратете ги на свое место.