Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат


Последните години значително е зголемен бројот на клима-уредите, како во домовите, така и во деловните простории, а полемиките за штетното влијание на овие уреди секогаш се актуелни во летниот период.

Сепак, разладните уреди се пожелни доколку правилно се употребуваат. Еве неколку совети за нивна употреба:

Клима-уредите треба редовно да се сервисираат, а филтрите често да се перат, бидејќи во нив се задржува прашина и бактерии. Доколку еднаш годишно не се чисти филтерот низ кој изглегува разладениот воздух под притисок, клима-уредот може да стане идеална влажна и нечиста подлога за развој на бактерии и габи од кои некои можат да предизвикаат и воспаление на белите дробови.

Покрај техничкото одржување на клима-уредот, за негово правилно користење важно е тој да биде подесен на температура кој не го нарушува нормалното функционирање на организмот. Исто така се советува при излегување надвор од разладена просторија некое време да го поминете во просторијата која не се разладува за да организмот би се адаптирал на наглиот скок на температурата, и обратно.

Препорака е разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура да не биде поголема од осум до десет целзиусови степени.

Никако не би требало да бидете изложени директно на клима-уредот, а исто така клима-уредот не би требало да се насочува кон површини кои собираат прашина за да се спречи предизвикување реакција кај лица кои се склони кон алергии.

Не се препорачува ни во текот на ноќта да спиеме во климатизирани простории.

Добро е во просториите кои се климатизираат на секои два часа да се исклучи клима-уредот и да се отвори прозорот на пет минути за да влезе свеж воздух.