Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Овлажувач на воздухот за поздрав дом



Настинките, кивањето и шмркањето, засипнатоста, сувост на кожата и сл. се тегоби кои може да се отстранат ако се познати причинителите.

Зошто проблемите се јавуваат во зима?

Зимата носи многу убавини со себе, а на многумина им е најомилено годишно време, но за неа често се врзуваат и спомнатите тегоби. Нив многу често ги предизвикува сувиот воздух како последица на загревањето на затворените простории, односно домови.

Поточно, при загревањето воздухот во затворените простории се суши и релативната влажност на воздухот се намалува на исклучително нисок процент. При зимски, ниски надворешни температури паѓа и под 20%, што може да создаде проблеми по здравјето на човекот. Притоа, дишните органи се најмногу на удар во овие услови. Ниската релативна влажност предизвикува сушење на слузокожата на синусот, носот и грлото, а ваквата слузокожа престанува да биде заштита од штетните микроорганизми и често е склона на воспаленија.

Големиот дефицит на влага исто така предизвикува уништување на покуќнината, односно уметничките слики, паркетот, а мебелот, тапацирот, теписите и текстилните влакна поради сувиот воздух подложни се на пукање и создаваат поголеми количества прашина.

Како нормална вредност за релативната влажност се препорачуваат вредности од 45% до 50%.


Како да се избегнат последиците од сув воздух?

Овлажувањето на воздухот е најдобар начин да се избегнат последиците од сувиот воздух. Тоа може да биде изведено на два начина: со прирачни средства и со уред - овлажувач на воздух. Прирачните средства, како што се поставување на сад со вода или со поставување на мокри крпи на радијаторите се непрактични и со мала ефикасност, поради малиот капацитет на испарената вода. Најдобро решение е поставување на овлажувач на воздухот во домот.

И при изборот на овлажувач на воздух, како и во други бројни случаи, важи правилото дека поскапите уреди по правило се поефикасни и долгорочно се поисплатливи. Овлажувачите можат да работат на три принципи на овлажување: парни, ултразвучни и испарувачки.

Кај парниот овлажувач воздухот се овлажува со стерилна пареа, но негов главен недостаток е потребата за негово често одржување, поради таложење на каменец на грејачите или на електродите, како и поголема потрошувачка на електрична енергија.

Кај ултразвучниот овлажувач овлажувањето значително е порационално и доколку се употребува деминерализирана или дестилирана вода, не се очекуваат проблеми при работењето на овлажувачот.

Овлажување со испарување на водата е најекономичен принцип на овлажување, при што каменецот се таложи на филтерот во внатрешноста на уредот, кој се менува секоја сезона. Поради потребните површини на испарувачкиот филтер овие уреди се со нешто поголеми димензии, но зачестено и ефикасно го прочистуваат воздухот благодарејќи на дополнителните филтери за воздух. Кај современите уреди од овој тип, каменецот и останатите загадувачки материи од водата од водовод остануваат на самиот филтер. Како опција овлажувачот може да има и ХЕПА филтер кој е наменет за лица кои патат од алергии, астма и проблеми со дишните патишта.

Овлажувачот, освен во форма на самостоен елемент, може да биде и составен дел кај некои клима уреди. Затоа, при купувањето на клима уред, информирајте се дали истиот има опција за овлажување на воздухот.