Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор

Вклопување на софата во просторот

Ненаметлива работна маса во дневна соба

Кревет во дневната соба

Создадете мала трпезарија

Клуб маси од трупци

Избор на трпезариска маса

Избор на трпезариски столици

Функционалности на табуретката

Избор на димензија за корниза и завеса

Одделување на кујната од дневната соба

Уредување на празни агли

Низок мебел во ентериерот

Дрво во дневната соба



Избор на клуб-масa



Доколку барате клуб маса за вашиот нов дом или сакате да ја замените старата, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да направите вистински избор при купувањето:

Клуб-масата треба да одговара на просторот во кој ќе биде сместена. Идеалната маса треба има убав дизајн, добра функционалност, со предмети на неа што ќе зборуваат нешто повеќе за вашата личност.




Стандардната висина на клуб масите изнесува 40-45 сантиметри. Повисоките маси, кои можат да бидат и 55 сантиметри високи, се попогодни во случаи кога често се присутни гости – кај овие маси за одложување на чашите не е потребно свиткување на телото. Совет е висината на масата да биде иста со висината на седење на гарнитурата, или најмногу 5см пониска. Идеалната должина на масата изнесува две третини од должината на каучот, не сметајќи ги наслоните за рацете. Околу масата треба да има најмалку 35 сантиметри слободен простор.

Доколку се двоумите за димензиите – да се земе преголема маса е помалку проблематично отколку да се земе премала маса.




Доколку каучот е со поголема должина, правоаголните маси се подобар избор од квадратните. Кај нив може да има и додаток, во вид на фиоки или полици, во кои се чуваат весници, пијалоци, далечински управувачи...

Масите со стаклена плоча се идеални за помали простории бидејќи не го "затвораат" просторот. Исто така, стаклената маса не го попречува истакнувањето на убавиот тепих. Доколку имате деца, изберете маса кај која стаклото ќе биде во рамка.




Доколку ногарките на каучот се покриени, подобро е масата да има истакнати ногарки, и обратно. Во двата случаи имаме привлекување на спротивностите.