Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Осветлување на кујната

Кујната првенствено е работен простор, но често може да е и место на собирање на семејството и пријателите. Затоа кујната е потребно да се осветли со ефикасни и естетски прилагодени светлосни извори.

За главното осветлување може да поставите флуоресцентни цевки на таванот кои ќе обезбедат доволна количина на бело дифузно осветлување. Доколку ви попречува сопствената сенка кога работите над мијалникот, работната или шпоретот, треба да се постават посебни извори на светлина – на пример, две или три насочени светла над мијалникот ќе обезбедат доволно осветлување за миењето на садови. Над шпоретот или работната плоча најсоодветно е поставување на флуоресцентна цевка со насочена светлина надолу.

Кујнската маса може да се осветли со декорирана висечка ламба или со мал лустер. Регулатор за осветлување ќе ви обезбеди и доволно светло за интимна вечера за двајца, а и за други активности - на пр. пресметување на домашните финансии или некое хоби, партија карти со пријателите и др.). Доколку поседувате висечки елементи над работните површини, можете на нивното дно да монтирате светилки кои ќе ви пружат доволно светло за работа. Светилките ги монтирате поблиску до задната страна на елементите како би го избегнале непријатното чувство и рефлексијата од работните површини. Изберете економични извори на светлост како што се неонските цевки, со должина на барем две третини од висечките елементи. Кујнските комоди и ормарчиња со стаклени врати можат да се истакнат со слаби светилки поставени во внатрешноста, или под полиците, или на врвот или на дното на комодата.

Осветлете ги работните површини на тој начин што никогаш нема да може да се најдете помеѓу светлината и предметот со кој работите.