Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


Паркет

Традиционален паркет – се состои од елементи од масивни дрво, кои при монтажа со лепење се поставуваат еден до друг. Овој тип на паркет може да се најде на пазарот како необработен (суров) или како паркет со заштита.



Готов паркет – може да се сретне на пазарот во две форми. Едниот е масивен готов паркет, кај кого врз долниот слој кој е од поефтино масивно дрво се става квалитетна, механички оптоварлива корисна компонента.

     

Другиот вид готов паркет е немасивен паркет - како корисна компонента се користи тенок дрвен фурнир или слој од пластика. За долен слој на овој вид на паркет често се користат и слоеви од други дрвени материјали, како на пример, плочи од иверка.

 

Долги појасни даски (бродски под) – овој под често се сретнува кај таваните со дрвени греди. За да нагибот на даските кога се под оптеретување биде помал, неопходно е да се води сметка за дебелината на даските која ќе биде усогласена со растојанието на носечките греди. Таа не треба да биде помала од 20 mm. Карактеристично за овој под е појавата на шумови на шкрипење од триењето на даските кога се под оптоварување. Овој под се заштитува од влага и нечистотии со средства како што се восок и заштитни премази за дрво, а можно е и вградување на необработено дрво. Доколку даските поради надворешни влијанија добијат неугледен и неуреден изглед, може да се избрусат и повторно да премачкаат со заштитни средства.