|
Декорирање на домот:
Омбре новогодишни елки
Совети за употреба на мотиви
Совети за декорирање со пруги
Декорации на скали со цвеќе
Внесување на карирани елементи во домот
Убавината на рефлектирачкиот мебел
Галериски ѕид
Големи ѕидни часовници
Идеи за новогодишно украсување на мал стан
Украсена новогодишна трпеза
Идеи за новогодишна елка
Плочки со геометриски форми
Сјајот на летото во домот
Збогатен минимализам
Декорации за Велигденските празници
Комбинирање на мотиви во ентериер
Идеи за велигденско украсување
Декорација на просторот со растенија
Скалите како украс во домот
Новогодишни украси на трпезата
Новогодишни декорации со тегли
Совети и идеи за новогодишни декорации
Декорaција на столбови
Декорации за Велигденските празници
Декорација со гранки
Новогодишно декорирање на влезната врата
Новогодишно декорирање на мали простори
Стилови на украсување на елка
Галерија на новогодишни украси
Декорирање на клуб маса
Домот во есенско руво
Декорација на скали
Ретро детали
Колаж од фотографии на ѕидот
Печатење на сликарско платно
Зебра мотив
Тапети и ткаенини во склад
Домот во велигденско руво
Мурали во темница
Декорации со коноп
Како да ја украсите новогодишната трпеза
Прозорци во новогодишно руво
Декорации за новогодишните празници
Креативна декорација на ѕидовите
Боите на есента во ентериерот
Обоени дрвени подови
Маски за радијатор
Трпеза во Велигденски сјај
Велигденски амбиент
Новогодишнo украсување со светилки
Новогодишни украси
Декорации кои греат во студената зима
Весела кујна
Есенски декорации со тикви
Детали во бела бања
Декорација со оригами
Комбинирање на перничиња
Цветни мотиви во бањата
Интарзија како украс
Тулa во ентериерот
Раскошот на мозаикот
Фонтани во дворот
Велигденско украсување
Пепито мотив
Како да се изложи цвеќето
Осветлени полици
Разубавете ги полиците
Светлината во најдолгата ноќ
Новогодишно декорирање на прозорците
Новогодишни декорации во трпезаријата
Прекрасни новогодишни елки
Декорација со букви
Убавината на есента во домот
Каро мотивот во ентериерот
Ѕидови бојадисани со мотиви
Графит на ѕид во домот
Рустични детали за топлина во кујната
Декорации на трпезата за Велигден
Велигденски декорации
Декорирање со географија
Прозорците во новогодишно руво
Новогодишни декорации на трпеза
Декорации на новогодишна елка
Новогодишни декорации
Старите комоди со нов сјај
Алтернатива за традиционалните завеси
Убавината на подните ламби
Шармот на дрвените греди
Ковано железо во ентериерот
Повторувањето како елемент во уредувањето
Аранжирање на трпезариска маса
Внесете боја со перници
Свеќници и свеќи за елеганција и мистика
Новогодишно декорирање на прозорците
Аранжирање на декоративни предмети
Идеи за новогодишни декорации (прв дел)
Идеи за новогодишни декорации (втор дел)
Идеи за украсување на новогодишна трпеза
Принтови за стил во просторот
Есента како совршен декоратер
Школска табла во вашиот дом
Мешање на стилови
Новогодишни елки
Шеми за поставување на слики
Завеси од дрво или мониста
Велигденско декорирање на домот
Идеи за новогодишно венче
За совршена елка
Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен
Ѕидови со пруги
Огледалата - убавината на одразот
Налепници на прозорците
|
| |
|
Како да ја украсите новогодишната трпеза
Декорирањето на новогодишната софра е активност во која може целосно да ја вклучите вашата фантазија, со цел да создадете уникатен празничен амбиент во новогодишните празници. Еве неколку насоки како полесно да дојдете до посакуваниот ефект.
Најпрво одлучете се дали масата ќе биде украсена со една боја во повеќе нијанси, или пак со комбинација од повеќе бои. Традиционални бои кои се користат за оваа прилика се црвената, златната, сребрената, белата и зелената, а сè почесто се користат и виолетовата и сината.
Црвената боја како дел од новогодишната традиција е боја со која не може да погрешите. Доколку трпезата има прекривка со силно изразена црвена декорација, како на пример чаршав со мотиви од цвеќето божиќна ѕвезда, поставете бели чинии и тоа може да биде и сосема доволно. Црвената боја одлично се комбинира со златни, сребрени и бели детали.
Белата боја делува чисто и свечено, особено ако ја комбинирате со златни и сребрени тонови, кои може да ги има во декоративни предмети, како на пример, свеќниците., порабувањето на чаршавите, рабовите на чиниите...
Зелената боја е одлична боја за новогодишните празнувања, без разлика дали е претставена преку гранчиња од зимелени растенија или зелени ткаенини.
Така, над белиот чаршав може да биде поставена зелена прекривка која ќе биде украсена со гранче божиковина и шишарки.
Лампионите не мора задолжително да бидат поставени само на елка, туку одлично изгледаат и кога се поставени на масата. Може да бидат без дефиниран распоред на масата или пак да се ставени во сад, а истите може да се комбинираат со ореви, бадеми, шишарки... Притоа, бисери и циркони на масата може да бидат одлична асоцијација за снегот.
|
|