Базени:

Вовед

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Позиционирање на базенот

Армирано-бетонски базени

Готови базени од пластични маси

Монтажни базени

Одржување на базени

Опрема за базени



Опрема за базени



Основна опрема

• базен (оплата и фолија доколку се работи за монтажен базен)

• елементи за циркулација на водата во базенот

• уред за филтрирање со соодветен капацитет

• кварцно полнење на филтерот

• подводна правосмукалка

• скали со три лествици за длабочина од 1,2 m или со четири лествици за длабочина од 1,5 m


Елементи за циркулација

Според намената, елементите за цирклулација се делат во две основни групи:

• всисни елементи кои имаат задача да ја вовлекуваат водата од базенот во уредот за филтрирање

    


• издувни елементи – ја враќаат профилтрираната, кондиционирана и загреана вода во базен и ги насочуваат сите слоеви на водата кон всисните елементи.

Во всисни елементи спаѓаат горните и долните всисни елементи.

Според видот на горните всисни елементи разликуваме базени со спуштена водена површина каде горните слоеви ги вовлекува скимер и базени со затегната водена површина каде што горните слоеви на водата се прелеваат преку преливната решетка и преку одводните канали водата се одведува во компензацискиот базен. Долните всисни елементи се всушност сливници. Поради фактот дека водата во базените кои редовно се одржуваат релативно ретко се празни, може да се каже дека најважната улога на сливникот е во циркулација на водата и вовлекувањето на долните слоеви на водата во уредот за филтрирање.

Издувните елементи ја враќаат профилтрираната вода во базенот. Нивното позиционирање и бројност зависи од повеќе фактори, како што е длабочината на базенот, формата, моќноста на уредот за филтрирање и распоредот на всисните елементи. Суштината на вградување на вливните дизни е во задвижувањето на сите слоеви на вода во базенот, односно да се спречи создавање на мртви агли во базенот. Проточноста на стандардните издуви до вливна дизна со пречник 18 mm е 2-3 m²/h. Во случај на вградување на подни издуви, се вградува по еден на секој дел на подот со површина од 6-8 m².


Уреди за филтрирање

Уредите за филтрирање служат за механичко прочистување на водата во базените за пливање. Според намената поделени се на уреди за филтрирање на семејни базени и уреди за филтрирање на јавни базени.

Основна разлика помеѓу овие уреди за филтрирање е во висината на столбот за филтрирање. При пресметката на потребниот капацитет на уредот за филтрирање на соодветен базен треба да се земат предвид повеќе фактори, како што се формата на базенот и распоредот на елеметите за циркулација на водата, предвидениот број на лица кои ќе го користат итн.

Основен принцип за одредување на потребниот капацитет на уредот за филтрирање во соодветен базен е кога може со 12-часовно работење може да се исфилтрира целокупното количество на вода 2-3 пати. На пример, за базен со волумен V = 40 m² потребен е капацитет на уредот за филтрирање од Q = (40 x 3) / 12 = 10 m²/h.


Подводен всмукувач
Служи за отстранување на нечистотиите кои се суспендирани на дното на базенот. Постојат рачни подводни всмукувачи, кои спаѓаат во основна опрема и полуавтоматски и автоматски подводни всмукувачи кои спаѓаат во дополнителна опрема.

Скали за базен


Дополнителна опрема

Постои широк спектар на дополнителна опрема која може и дополнително да се вгради во базенот со напомена дека не може дополнително да се вгради само подводното осветлување.

Подводно осветлување - Подводното освелување значително го подига естетскиот изглед на базенот. Стандардните рефлектори се од 300W / 12 V. Во бетонските базени се вградуваат специјални куќишта кои треба да обезбедат водонепропусност на базенот, додека во бетонските базени со ПВЦ лајнери се вградуваат рефлектори со заптивки. Со секој тип оди и соодветна разводна кутија. Трансформаторите за напојување на подводното осветлување се излиени, а според капацитет можат да служат за напојување на еден, два или три рефлектори.


Покривач за базенот



Специјален покривач кој се поставува на површината на водата има повеќе важни фунции. Тој овозможува догревање на водата и практично ја продолжува сезоната за капење за два месеци. Спречува ладење на водата во текот на ноќта и на најстудените денови, спречува испарување на водата, а со тоа и на средствата за кондиционирање на водата со што се обезбедува подобра хемиска стабилност на водата. Покрај сето ова, се спречува и валкање на водата од прашина, лисја итн. Држачите на покривачот се конструирани на тој начин што едно лице со леснотија може да го покрие и открие базенот.

Грејач на вода - Се состои од проточен електричен грејач од 9-24 kW, топлотен изменувач од 40 кW, циркулациона пумпа, автоматика со термостат и можност за регулација на температурата од 0-40оC, како и компензациски садови, што претставува економичен и динамичен систем за загревање на водата во базенот. Како пример, времето потребно да се загрее 30 m² за 10оC изнесува околу 12 часа. Одржувањето на еднаш загреаната вода не побарува поголеми енегретски потреби од 3-4 кW.

Водени атракции - Водените атракции се хидротехнички елементи и уреди кои значително ја оплеменуваат содржината и начинот на експлоатација на базенот. Кај семејните базени со вградување на водени атракции се компензира евентуалниот недостаток на доволна големина и волумен на базенот.

Баду џет - Претставува средство за забава, спорт и рекреација. Овозможува пливање во место, подводна масажа и јакузи ефект со шампањска купка.



Гејзери, водопади и водни завеси - Освен терапиското дејство и масажниот ефект, тие имаат и исклучителен естетски ефект.

     




Дехумидатори (сушачи на воздухот) - Климатизерите кај затворени базени служат за регулирање на релативната влажност на воздухот.





Монтажен материјал - Монтажниот материјал е изработен од тврд ПВЦ и е предвиден за притиссоци до 10 bar. Ваквиот материјал е отпорен на хемиски кондиционираната базенска вода што овозможува долговечност на хидрауличните инсталации. Се препорачува употреба на флексибилни цевки кои се прилагодуваат на налегнувањето на тлото со што се избегнува и најмала можност за оштетување. ПВЦ монтажниот материјал може да се лепи исклучиво со специјално лепило со претходно обезбедени чисти и суви површини.


Рабен камен
   


Претставува специјално обликуван камен од различни фракции на мермерот. Не е лизгав, како сув, така ни влажен. Со специјалниот облик спречува изливање на водата од базенот во тек на капењето, како и доток на загадена вода во базенот од плато. Се монтира на работ на базенот и дава извонреден естетски ефект.