Содржина:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута

Избор на подна облога


Плута

Подните облоги од плута лесно се обработуваат, но од друга страна покажуваат слаба постојаност на механички оштетувања.

Сепак потрошувачите ја ценат плутаната подна облога поради епитетот на топла подна облога, која е еластична при чекорење по неа и добро го изолира звукот од чекорењето.

Производството на подот од плута ги содржи следните елементи: првиот дел е лупењето на кората од даб. После тоа таа се уситнува и се пресува под висок притисок, при што се лепат смолите од дабовата кора, а истотака се додаваат и вештачки смоли (фенол-формалдехидна смола).

Задната страна на плутаните плочи може да се биде премачкана со носечки слој од пластични маси. Како би се зголемила постојаноста на механички влијанија често за третирање на површината се користат заштитни лакови на база на смола-полиуретан, восоци или на база на природни смоли. Дабот за добивање смола, како основен материјал за изработка на подните подлоги, е изложен во фазата на растење на третман со пестициди, кои заедно со веќе споменатото хемиско "облагородување" значително влијаат на воздухот во просторијата.

Фенолите, алканите и терпените се појавуваат како фактори кои влијаат на квалитетот на воздухот во просторијата обложена со плочи од плута; покрај тоа и мирисите на употребеното лепило и другите хемикалии додадени во тек на процесот на обработка може да им наштетат на почуствителни лица.

Подовите од плута се нудат во вид на плутани плочи, односно како готов паркет од плута со носечки слој од MDF (medium density fibreboard). Густината на материјалот се движи од 450 kg/m3, а корисниот слој мора да биде со дебелина од најмалку 4 mm за да може почесто да се бруси.

Структурата на подот од плута со порозност која е својствена за тој материјал овозможува впивање на штетни материи од воздухот, кои после одреден период повторно ги емитира во воздухот.

Рециклирање на составните делови на плутата со цел за производство на нови подни облоги не е сеуште возможно.