почетна | контакт
за нас | маркетинг
Внесете го
бараниот поим:
 
Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот



Комбинирање на боите



Боите се наоѓаат на секаде околу нас, а нивното влијание на нашиот живот е често подценето. На нашето расположение делуваат и потсвесно, па затоа при уредувањето на просторот за живеење освен за нивната складност и нашите вкусови, треба да се земе во предвид и чувствата кои сакаме со нив да ги побудиме.


Како да споиме различни бои, а притоа да делуваат складно и убаво? Боите никогаш не се изолирани, освен ако тоа плански не е строго определено. Тие секогаш се опкружени со други бои и се дел од вкупната шема на бои. Таа шема на бои ги вклучува ѕидовите, подовите, таваните и мебелот. За да ја сложите сопствената шема на бои што е можно подобро, определете се за боја или обележје кое ќе биде носител на вашата шема. Тоа може да биде гарнитурата за седење, ѕид, тепих или друго парче мебел. По ова одлучете дали сакате во домот да имате хармонична шема која ќе биде “дел од тимот” или пак сакате контрастна шема каде одредени бои ќе бидат најистакнати.

Хармонични шеми

Во оваа шема сите бои се складни и не си конкурираат една на друга. Ниту една боја не бара посебно внимание, па така расположението кое преовладува е смирувачко. Постојат два основни типа на хармонични шеми. Еднобојната шема вклучува една боја со послаб интензитет, како што е на пример светла беж, светло сива или бела боја во ограничен интервал на вредности. Оваа шема често се употребува во изложбени салони бидејќи нејзината смиреност создава совршена површина. Било каков предмет кој е со интензивна боја или е упадлив, внесен во оваа шема на бои ќе го сврти вниманието на себе прекинувајќи ја еднобојноста, што може да се искористи како предност доколку сакате нешто да биде забележливо. Монохроматската шема се состои од една нијанса, но во широк дијапазон на вредности и интензитет на еднобојната шема.
Монохроматската шема која, на пример, е заснована на жолта боја, може да вклучи светло-жолта, лимон-жолта и златно-жолта боја кои можат да се употребат индивидуално или во комбинација. Монохроматската шема го чини целиот простор посебен.

Контрастни шеми

За разлика од хармоничните шеми, контрастните шеми постојат за да привлечат внимание. Кај нив бојата не е случајна, туку претставува жаришна точка. Постојат неколку делотворни видови на контрастни шеми. За почеток може да се напомене дека контраст може да се постигне со употреба на аналогни бои (бои кои се наоѓаат на “кругот на бои” една покрај друга), на пример, сина со тиркизно-зелена (сино-зелена). Сепак, понекогаш аналогните бои нема да дадат преголем контраст туку ќе изгледаат како да припаѓаат на хармонична шема.




Следен начин да се постигне контраст е да се употреби комбинирање на две комплементарни бои кои во “кругот на бои” се наоѓаат една спроти друга. На пример, сина и портокалова, или сина боја од една страна и неколку нијанси на портокалова од друга страна или обратно.

Доколку во игра внесувате повеќе бои, тогаш создадете контрасти со помош на тријада (три бои определени со поставување на рамностран триаголник во “кругот на бои”) каде што целата скала може да ја проширите со дополнителни нијанси на секоја боја од составот на тријади.

Исто така, многу убави и складни контрасти може да се постигнат и со употреба на топли и студени бои, како и со внесување на различни мотиви и материјали.




Сподели





© 2006-2012 sezadomot.com.mk