За порталот
ФАКТИ и БРОЈКИ за
SeZaDomot.com.mk


Посетители: над 150.000 различни годишно
Број на страни: над 2000 страни





Веб-порталот „Се За Домот“ почнува со работа во 2006 година како прв македонски веб-портал за уредување и опремување на домот.

Создаден е како резултат на потребата на интернет корисниците во Македонија за брзо и лесно доаѓање до информации во доменот на уредувањето, опремувањето и одржувањето на домот.

Една од главните функции на порталот е и пребарување на фирми кои нудат производи или услуги наменети за домот, распоредени во преку 150 подкатегории.

На порталот посетителите може да прочитаат бројни совети од архитекти и дизајнери за современо уредување и опремување на просторот, како и информации за најновите светски трендови. Посетителите можат да видат и упатства за поправки, совети од типот “направи сам”, решенија за градината, фенг шуи прилози, online апликации за дизајнирање на ентериери.

Прикажани се и банки со нивната понуда на станбени кредити, кредити за реновирање и опремување на домот, фирми за недвижности кои продаваат и изнајмуваат куќи и станови, како и осигурителни компании кои нудат осигурување на домот.

Порталот нуди и простор за рекламирање на фирми и индивидуалци (повеќе...).