Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Совети за уредување на дом со мали деца

Совети за уредување на дом со мали деца



Просторот во кој домуваме го прилагодуваме според нашите желби и потреби, а кога во семејството имаме мали членови, треба и нивните навики и афинитети да се земат предвид.




Најпрво треба да се знае дека концептот на отворен простор, во кој кујната, трпезаријата и дневната соба се визуелно поврзани, е соодветен за семејство со мали деца. На тој начин родителите може да ги имаат децата на око.

Во домот добро е да нема големи елементи за да се олесни нивното движење, а пожелно е да има одреден дел од просторот потполно празен за да им се овозможи непречена игра. За да се избегне нередот, потребно е да се има простор за складирање на играчките кога не се во употреба.

Потребно е да се изберат издржливи материјали за покуќнината кои се лесни за одржување или замена. Така на пример, кај перниците добро е да имаат навлаки кои може да се извадат и исперат.

Кожната гарнитурата за седење е лесна за одржување и пребришување, но треба да се внимава на дамки од пенкала и фломастери кои не се чистат лесно.

За да се спречи повредување на децата при палавата игра, најдобро е кога парчињата мебел немаат остри рабови и агли, туку тие се заоблени. Доколку сепак има таков мебел во домот, како масата, полиците, плакарите, треба да заштитат со заоблени, еластични елементи поставени на острите агли и рабови.