Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Дрвен под во кујната: да или не?



Дрвениот под внесува природна нота и топлина во амбиентот, делува суптилно и свежо. Тој е и подобар топлински изолатор од плочките, но неговото одржување во кујната е тема која внесува дилема дали да се постави тој или плочките кои се полесни за одржување.

Доколку не сте подготвени веднаш да делувате кога ќе се истури вода или некоја друга течност, стандардните плочки се правилниот избор.

Ако се одлучите за дрвен под, изборот може да биде ламинатен под или пак масивен дрвен под (класичен паркет, готов паркет или бродски под).

Ламинатот е поотпорен од масивниот дрвен под кога станува збор за оштетувања од пад на предмети, а истотака помалку е осетлив на проблемот на ширење и собирење под дејство на влагата и темепратурата која е зголемена во кујната кога се готви. Зјајот кој се остава кај ѕидот при поставувањето на ламинатниот под кој овозможува да нема дефорамција на подот при напрегањe.

Доколку се одлучите за масивен дрвен под во кујната, најдобро тој да биде од дрво со поголема тврдина, како што е дабовото или јасеновото дрво, кое нема да претрпи поголеми оштетувања при паѓање на предмети. Треба добро е да биле излакиран и да има полиуретански слој за заштита од валкање, абење предизвикано од постојаното влегување и излегување, како и оштетување од паѓање на предмети.

Без разлика за кој вид дрвен под во кујната станува збор, под фрижидерот, машината за садови и други потешки елементи потребно е да се стави некоја подлога за заштита, во вид на простирка, филц и сл.