Совети за избор на бела техника:

Машина за перење алишта

Машина за сушење алишта

Машина за миење садови

Микробранова печка

Правосмукалка

Плоча за готвење

Ладилник

Аспиратор

Блендер



Совети за избор на бела техника



Типови на аспиратор

Постојат различни модели на кујнски аспиратори: класични (поставени под елементот), вградбени (поставени во самиот кујнски елемент), на извлекување, камински, островски и аголни. Без разлика за кој тип станува збор, секој од нив иста функција: одведување на пареите од готвењето, со што се добива чиста кујна и воздух во неа. Притоа, секој кујнски аспиратор има мотор кој го овозможува вовлекувањето на воздухот, филтри за прочистување на воздухот и осветлување.




Класичен, вградбен и аспиратор на извлекување






Камински, островски и аголен аспиратор



Начин на работа - според начинот на работа може да се поделат на два вида:

Аспиратор со одведување на воздух - вентилаторот ги вовлекува пареите кои настануваат при готвењето во кујната, па преку филтерот ги “турка” во одводната цевка која оди надвор од кујната, а филтерот ги задржува масните честички во пареата. Така кујната останува чиста, без масни честички и непријатни мириси. Одводот не смее да се насочува во оџак или вентилација која се употребува за друга намена

Аспиратор со кружење на воздух - вентилаторот ја вовлекува пареата која настанува при готвењето, па преку филтерот и дополнителниот јаглен филтер прочистена ја враќа назад во просторот. Јаглениот филтер ги задржува мирисите и потребно е да се менува на одреден временски период.


Филтри - Некои аспиратори содржат хартиен филтер кој исто така е потребно да се менува, а кај оние кои имаат метален филтер е овозможено негово миење и повторно употреба на истиот. Притоа, тој треба редовно да се мие бидејќи доколку дојде до прекумерно наталожување на мастите, постои опасност мастите да почнат да горат и на тој начин да се оштети аспираторот. Металниот филтер може да се измие и во машина за миење садови. Ако филтерот е многу масен, не го мијте со останатите садови. При рачно миење на филтерот, оставете го неколку минути во вода со детергент, а потоа оставете го да се исуши.


Степен на бучава - Кратка одводна цевка и глатка површина се предусловите за помала бучава. Исто така, доколку пречникот на цевката е поголем, бучавата е помала. Се препорачува пречникот да изнесува 150 mm или барем 120 mm.

Ако аспираторот го приклучуваме на вентилација која ја користат повеќе станови, добро е да се вгради одвод со затворање од надворешната страна, што ќе спречи поврат на воздух.

Oд безбедносни причини важно е да се запази висината на поставување на аспираторот. Помеѓу долниот раб на аспираторот и електричната (или плинската) плоча за готвење треба да има растојани од најмалку 65 cm.