Видови и особини на прозорците
1. Вовед

Ви предстои купување на прозорци и размислувате околу изборот - дали да се купат дрвени, алуминиумски или прозорци од вештачка маса. Одлуката можеби ви ја отежнува и големиот избор на производители. Кој е вистинскиот избор?
Прозорците се важен градежен елемент кој може значително да влијае на изгледот на куќата и на вашето задоволство. Многумина од архитектите се сложуваат дека тој е еден од најважните, но и најкреативните делови на фасадата.
А кога ќе се вселиме во внатрешноста, уште поважна е неговата улога како функционален елемент што треба да задоволи низа барања – прозорецот е нашиот прв контакт со надворешиот свет, кој мора да овозможи квалитетно проветрување, доволна природна светлост во станот или куќата и да ни овозможи заштита од надворешните влијанија (студ, горештини, дожд, снег, бучава, а во екстремни случаи и од вандализам и пожар).
следна..